Прва конференција за бекап во Македонија

На 31 март се одбележува Светскиот ден на бекапот. По тој повод компанијата B-Up  ја организира првата онлајн конференција наменета за поединци и компании.

Целта е да се покрене свеста за значењето и неопходност на бекапот во заштитата на податоците.

На темата ќе зборуваат четири говорници од различни области од приватниот сектор, експерти, МАСИТ и ИноФЕИТ. Ќе се опфатат теми како „Осврт на МК пазарот” , „Бизнис континуитет преку BackUp – must for GDPR”, „Ransomware as a Service” и „Cyber security (колку се сигурни Вашите податоци со online backup).

Настанот е закажан за 29 март, а за учество онлајн може да се регистрирате ОВДЕ.