Прв Младински летен камп за климатски промени во Струга

Првиот Младински летен камп за климатски промени во Струга ќе се одржува од денеска до 27 август во организација на УСАИД.  На него учествуваат млади луѓе, на возраст меѓу 15 и 17 години, од десетте партнер општини каде се спроведува Проектот за подготовка на општински стратегии за климатски промени, Теарце, Богданци, Кривогаштани, Пехчево, Боговиње, Виница, Студеничани, Маврово/Ростуша, Прилеп и Делчево.

Проектот е спроведуван од страна на Милиеуконтакт Македонија.

„Комбинирајќи елементи на едукација и забава, искуството стекнато на кампот се очекува да ја подигне свеста на младите луѓе за негативните ефекти од климатските промени.

Се очекува дека учесниците ќе бидат лидери во пренесување на новооткриеното знаење и искуство на другите членови на нивните локални заедници, како и дека истите ќе помогнат во зголемување на јавната свест за начините на справување со климатските промени“, посочуваат организаторите на кампот.

Како што појаснуваат од УСАИД, преку Проектот за подготовка на општински стратегии за климатски промени, во осум општини се помага создавањето на првите стратешки документи од ваков тип развиени во југоисточна Европа, кои го рефлектираат прашањето за климатските промени на општинско ниво. Ова се реализира во соработка со локалните граѓански организации, локалната самоуправа и граѓаните групи и за да одговори на глобалните закани од климатските промени на локално ниво.

Досега спроведените проектни активности вклучуваат енергетско-ефикаснa адаптациja на јавни згради и објекти, изградба на нов резервоар за вода, поставување на енергетски-ефикасно улично осветлување, чистење на речните корита,уредување на земјиште со цел да се избегне ерозија, како и отстранување на стари инсталација на нов филтер во општинска станица за прочистување на вода за пиење.