Прв меѓународен ден „Нелсон Мандела“

Светот денеска го одбележува меѓународниот ден на Нелсон Мандела, борец против Апартхејдот, добитник на Нобеловата награда за мир и првиот црн претседател на Јужна Африка. Прв пат по неговата смрт, а на денот кога би бил неговиот 96-ти роденден.

Прв меѓународен ден „Нелсон Мандела“

Во изминатите пет години милиони луѓе волонтираа на 18 јули за заедничко добро за да ја одбележат борбата на Мандела за слобода во Јужна Африка, која траеше 67 години.

Првите повици до луѓето да прават добри дела беа упатени во 2009-та во Јоханесбург и во Њујорк, а годинава се проширија во 126 земји во светот.

Најавени се манифестации во Париз, Далас, Њујорк, Лондон, Единбург и Глазгов, а во Кина премиерно ќе биде прикажан филмот за неговиот живот.

Извор: МРТ