Протест за почист воздух утре во Железара

Нов протест против загадувањето во Железара е закажан за утре (22 јули). Зборното место е пред главниот влез на фабриката Железара (стадионот на Металург), во 17 часот.

протест

Ова е уште еден од низата протести кои изминатите неколку месеци ги организираат жителите на населбите Железара и Автокоманда, а на кои им се придружуваат и граѓани од останатите скопски населби. Скопјани со години се жалат на густиот чад кој излегува од индустрискиот комплекс и бараат да се вградат филтри. И покрај најавата дека до први април ќе се стави клуч на вратите на фабриките кои загадуваат, Владата за најголемиот загадувач во овој реон – Макстил, рокот за исполнување на еколошките стандарди го продолжи до крајот на октомври.