Протест на грчки остров против комерцијализација на плажите

Лежалки и чадори за првпат овој викенд беа поставени на плажата Милос на грчкиот остров Лефкада. Овој потег предизвика бурни реакции меѓу жителите, но и странски туристи. Причината за незадоволството е тоа што Милос претставува единствената плажа на овој остров која не беше искористена за туристички цели и која го чуваше својот природен изглед.

Во неделата се одржа првиот протест, а демонстрантите, повеќето жители на Агиос Никитас, пристигнале на плажата рано наутро, носејќи црвена линија со која го одбележаа местото зафатено со лежалки, извикувајќи – Земете ги вашите лежалки и заминете од овде“.

Протести се најавени и за следните денови.