Протест на бегалци во Идомени за отворање на границите

Десетици бегалци и мигранти од различни националности и продолжуваат да протестираат против затворањето на границите во Идомени, кампот кој се наоѓа од грчка страна на границата со Македонија. Тие велат дека се разочарани од одлуките на последниот самит на ЕУ-Турција, јавија грчки медиуми.

Демонстрантите дееска ја блокираа пругата во неутралната зона меѓу Грција и Македонија и побараа да им биде дозволено да го продолжат своето патување кон Северна Европа. Тие во рацете држеа картони со слогани како „Меркел, ти не изневери“, но и „Ако не сакате да ни дадете човекови права, барем да ни ги дадете правата што им ги давате на животните”.
Други, пак, деке ќе штрајкуваат со глад се до повторното отворање на границите.

Претходно, демонстранти од Ирак, припадници на јазидското малцинство маршираа и во внатрешноста на селото Идомени, во обид да го привлечат вниманието кон својата кауза дека тие се малцинство прогонувано од страна на ИСИС и дека единствено решение е да се отворат границите.

Револтирани се и бегалците кои со денови се наоѓаат на македонско – српската граница, кои вчера протестираа извикувајќи „Отворете ги границите“.