Промоција на книгата „Водич на мислителот за логички грешки“

НВО Инфоцентарот, во рамките на одбележувањето на десетгодишнината од своето постоење, а во соработка со Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ), организира промоција на книгата  „Водич на мислителот за логички грешки: Уметноста на менталните итроштини и манипулацијата“.

Промоција на книгата „Водич на мислителот за логички грешки“

Автори на книгата се д-р Ричард Пол и д-р Линда Елдер, од американската Фондацијата за критичко мислење, која го одобри преведувањето и печатењето на ова издание, на македонски јазик.

Промотор на „Водичот на мислителот за логички грешки“ ќе биде новинарот Сашо Орданоски, а на промоцијата ќе говорат Владимир Милчин, извршен директор на ФООМ и Билјана Бејкова, извршна директорка на НВО Инфоцентарот.

„Во медиумскиот, но и во јавниот простор воопшто, се креираат бескрајно изобилство пораки кои постојано ја жртвуваат вистината заради спинот, пропагандата и манипулацијата. На сите нам ни се потребни креативни согледби и интелектуални орудија кои ќе ни озвозможат да се заштитиме од тоа да станеме интелектуални жртви на намножените пропагандистички и медиумски „пирани““, велат организаторите.

Според нив, оваа книга е наменета за граѓанска заштита и помош во препознавањето и обеледонувањето на пропагандата и манипулацијата кои секојдневно се случуваат и се обидуваат да ги заслепат граѓаните.

Промоцијата е закажана за 1 ноември 2013 година, петок, во ГЕМ клубот (Менада, Стара Чаршија), со почеток во 12 часот.