Промоција на „Сеир и ништо“ и „Гајле cinema“ во „Винил“

Во „Винил“ во Скопје на 27 јуни (четврток) ќе одржи промоција на „Сеир и ништо“ од Џо Брадестиот и Тања Аждаја, како и сестринската „Гајле cinema“ од Тања Аждаја.

Двете книги се во издание на „Темплум“.

„Покрај претставувањето на книгите и обраќањето на авторите, ќе биде поставена и мини изложба од илустрации, а како дел од нашата зборовна игротека ќе читаат книжевници, музичари, актери, просветни работници и јазико и зборовљубеници. Ве покануваме и вас на таа пловидба со зборот во уметнички води“, стои во најавата за настанот.

Настанот во „Винил“ започнува од 19:30 часот.