Промоција на новиот албум на „Дуо Скупи“

„Дуо Скупи“ го промовира својот нов албум насловен „NEW MAK SOUNDS“(„Нови македонски звуци“).

Дуото составено од Ермаљ Мехмети на виолина и Јета Старова Мехмети на флејта, ќе го промовираат албумот утре (30 мај) во ресторан „Пелистер“ во 12 часот.

„NEW MAK SOUNDS“ e трет по ред албум нa дуото и во него се сместени 8 познати македонски песни и ора, во аранжман за флејта и виолина во нов модерен и современ звук од самиот виолинист на Дуото, Ермаљ Мехмети.

Изданието го подржаа Министерството за култура, Комерцијална Банка и До ре Ми.