Промоција на новата збирка поезија на Јовица Ивановски – „Киноутро“

Промоција на најновата, десетта збирка поезија на поетот Јовица Ивановски – „Киноутро“ ќе се одржи задутре (среда, 29 април) во клуб-ресторанот МКЦ.

Промотори на зборката се Дејан Дуковски и Ѕвездан Георгиевски. Стихови ќе чита Александар Деловски, а како специјални гости на настанот ќе се појават: Љупа Ангелов (Д Џон), Ивица Димитријевиќ (Т.Б. Трачери), Горан Таневски, Владимир Петровски – Картер и Иво Антов. „Киноутро“ излегува во издание на Табернакул.

Јовица Ивановски (1961) е еден од најистакнатите македонски поети во изминатите две децении, а неговата прва збирка поезија „Зошто мене таков џигер“ е објавена во 1995.