Промоција на „Дневникот на една планинарка“ од Калина Велевска

Во понеделник, во 20 часот во Бифето на МКЦ ќе се одржи промоција на книгата „Дневникот на една планинарка“ од Калина Велевска.

Велевска (1990), дипломиран правник, вработена во Основното јавно обвинителство, трагично го загуби својот живот, заедно со Александар Миновски, на 10 февруари 2018 година на Кајмакчалан.

Станува збор за избор од текстовите што беа објавувани на порталот „Мис“, како своевиден дневник, а во кои Калина ги пренесуваше своите впечатоци од планинарските тури во Македонија, но и во соседните земји.

Книгата е во издание на „Репро принт“, издавачката куќа, која го издава и дневниот весник „Нова Македонија“, каде што Велевска еден период соработуваше како новинар-почетник.