Професорски пленум бара итна седница на Сенатот на УКИМ

Професорскиот пленум ги повика сенаторите на УКИМ да го искористат своето законско право и да побараат свикување итна и јавна вонредна седница на Сенатот на УКИМ, која би се одржала најрано на осми, а најдоцна на 15 јануари 2016 година. Тие бараат на вонредната средба да присуствуваат и претставници на Студентскиот пленум, на младинската организација Мугра, на Професорскиот пленум, како и претставници на медиумите, со следните точки на дневен ред:

  • Дали имало и кој ја издал дозволата за сечење дрвја во паркот на Универзитетот, во доцните ноќни часови;
  • Дали имало официјален повик, кој го издал и заради што го издал повикот специјалната полиција да влезе на територијата на Универзитетот, во понеделникот на 14.12.2015 година;
  • Информација за процедурата и правната основа за започнатите градежни активности во рамките на Кампусот за општествено-хуманистички науки.

„Почитувани колешки и колеги, претставници на академската заедница на УКИМ во највисокото тело на Универзитетот – Сенатот на УКИМ, со оглед на тоа што Ректорот Стојковски не одговори на Јавниот повик на ПП за свикување вонредна седница на Сенатот на УКИМ, сметаме дека ваше право, должност и одговорност е да преземете активности во насока на решавање на сите нејаснотии околу наведените точки. На тој начин ќе ја превенирате евентуалната ескалација на ситуацијата во општествено-хуманистичкиот кампус на УКИМ, а воедно ќе ја заштитите автономијата на високото образование и дигнитетот на академската заедница“, стои во соопштението.

Професорскиот пленум и писмено се обрати до ректорот, со барање за итно свикување на седница, меѓутоа се уште чекаат негов одговор.

Повикот за итна седница е испратен до сите професори во Сенатот, во кој членуваат:

проф. д-р Влатко Коробар, АФ
проф. д-р Горица Брешковска, МФ
проф. д-р Митко Хаџи-Пуља, АФ
проф. д-р Лидија Тодоровска, МФ
проф. д-р Радојка Дончева, ГФ
проф. д-р Сузана Трајковиќ–Јолевска, ФФ
проф. д-р Петар Цветановски, ГФ
проф. д-р Рената Славевска Раички, ФФ
проф. д-р Тони Јаневски, ФЕИТ
проф. д-р Алберто Бенедети, СФ
проф. д-р Владимир Димчев, ФЕИТ
проф. д-р Анета Атанасовска Стојановска, СФ
проф. д-р Алекса Малчевски, МШФ
проф. д-р Душко Иванов, ФФКСЗ
проф. д-р Зоран Пандилов, МШФ
проф. д-р Гино Стрезоски, ФФКСЗ
проф. д-р Лилјана Стефановска, ТМФ
проф. Јорданчо Чеврески, ФДУ
проф. д-р Емилија Фиданчевска, ТМФ
проф. м-р Мими Таневска Србиновска, ФДУ
проф. д-р Маја Јорданова, ПМФ
проф. м-р Михаило Куфојанакис, ФМУ
проф. д-р Мирјана Мирчевска, ПМФ
проф. д-р Драган Даутовски, ФМУ
проф. д-р Сашо Арсов, ЕФ
м-р Жарко Башевски, ФЛУ
проф. д-рВладимир Филиповски, ЕФ
м-р Јован Шумковски, ФЛУ
проф. д-р Гордан Калајџиев, ПФЈП
проф. д-р Бранко Рабаџиски, ФДТМЕ
проф. д-р Јадранка Дабовиќ Анастасовска, ПФЈП
проф. д-р Живка Мелоска, ФДТМЕ
проф. д-р Вера Георгиева, ФЗФ
акад. проф. д-р Љупчо Коцарев, ФИНКИ
проф. д-р Михајло Поповски, ФЗФ
проф. д-р Марјан Гушев, ФИНКИ
проф. д-р Маја Бојаџиевска, ФЛФБК
проф. д-р Владо Мицов, ИЗИС
проф. д-р Маргарита Велевска, ФЛФБК
д-р Татјана Петковска-Мирчевска, ЕИ
проф. д-р Ѓулмсере Касапи, ПФКО
проф. д-р Емилија Симоска, ИСППИ
проф. д-р Билјана Камчевска, ПФКО
проф. д-р Даница Андреевска, ЗИ
проф. д-р Владимир Џабирски, ФЗНХ
д-р Мирјана Менковска, ИС
проф. д-р Соња Ивановска, ФЗНХ
д-р Изаим Муртезани, ИФМЦ
проф. д-р Влатко Илиески, ФВМ
д-р Снежана Велковска, н.сов. ИМЈКМ
проф. д-р Славчо Мреношки, ФВМ
д-р Маја Јакимовска – Тошиќ,н.сов.  ИМЛ
проф. д-р Јасминка Ризовска Атанасовска, ШФ
проф. д-р Катерина Тодоровска, ИНИ
проф. д-р Александар Трендафилов, ШФ