Разговор и проекција на филмот „Кога облаците пукаат…“ во ЛГБТИ Центарот

Вечерва во ЛГБТИ Центарот во Скопје ќе биде прикажан филмот „Кога облаците пукаат…“ на авторите Кумјана Новакова и Гиљермо Карерас – Канди, по што ќе следи дебата во која ќе се дискутира за овој филм, но и за состојбите на лицата кои живеат со ХИВ и туберкулоза.

Проекција на филм „Кога облаците пукаат...“ и разговор

„Кога облаците пукаат…“ преку медиумите на аудиовизуелната уметност пренесува еден мал дел од внатрешниот свет на лицата кои живеат со ХИВ и туберкулоза во Македонија.

На дебатата ќе зборуваат Арта Кули од Светска здравствена организација, Андреј Сених од „Заедно посилни“ и Кумјана Новакова, авторка на филмот. Дебатата ќе ја модерира Зоран Јордановски од Е.Г.А.Л.

Почетокот на проекцијата е закажан во 19 часот.