Проекции и свирка на „Invisible fence“ за промоција на „Под земја полесно се дише“

Во „Котур“ утре (5 декември) од 20 часот ќе се прикажуваат седум филмови, од седум различни продукции за промоција на седмото издание на „Под земја полесно се дише“.

Во соработка со новиот фестивал „First Crossings“ од Словенија/Италија, „Кула“ носи свежи нови автори кои се изразуваат во сосема нови форми, теми и жанрови.

„Како и тематиката, така и самите автори се одликуваат колку со карактеристики на филмски автори, толку со уметници кои неуморно трагаат по својот аудио-визуелен јазик. Микромани во Тајланд, градилишта во Љубљана, прашуми во Еквадор, бабички во Риека, ѕверови, морнари и батериски лампи се само дел од чудните комбинации во филмскиот опус кој ќе можете да го проследите во ‘Котур’“, стои во најавата за настанот.

Целата агенда на филмовите може да се види ТУКА.

По филмската проекција е најавен концерт на „Invisible fence“ кои со своите оригинални композиции, спонтана музика и пречистување на теми од Џон Колтрејн, Орнет Колмен, Вилијам Паркер, Арт ансамблот на Чикаго, ќе ја разиграат ноќта во подинамичен тон.

Инаку, седмото издание на „Под земја полесно се дише“ ќе се одржи на 28 декември.