Продажбата на алкохол во дуќаните од денеска до 19 часот

Алкохолните пијалаци од денеска во трговските објекти повторно ќе се продаваат од шест до 19 часот, наместо до 21 часот.

Продажбата на алкохол во дуќаните од денеска до 19 часот

Според законските одредби, продолженото време на продажба до 21 часот важи од мај до крајот на септември.

За оние кои нема да го почитуваат законското решение се предвидени санкции – забрана за вршење дејност во траење од седум или 15 дена, како и парична казна до 5.000 евра.