Претстава „Петар Пан“ во МОБ

Популарната претстава за деца „Петар Пан“ ќе биде изведена денеска во 12:00 часот во Македонската опера и балет.

Петар Пан e лик создаден од шкотскиот романописец и драматург Џ.М. Бери (1860–1937).
Тој е палаво момче кое може да лета и магично одбива да расте. Петар Пан го поминува своето бескрајно детство во авантури на малиот остров, Недојдија, како лидер на неговата банда „Изгубените момчиња“, заедно со сирени, Индијанци, самовили и пирати, и одвреме-навреме сретнувајќи необични деца од надворешниот свет.

Главната улога ќе ја толкува Игор Веланоски, додека во останатите улоги ќе настапат: Сенка: Гиорги Беридзе (Грузија), Венди: Дафина Даниловска, Капетан Кука: Драган Кочоски, Ѕвончица: Билјана Басмаџиева, Мајка: Билјана Пашариковска, Татко: Киро Павлов, Џон: Мирослав Митрашиновиќ, Мајкл: Лиле Миленковска, Тајгер Лили: Ангела Велевска, Индијански поглавица: Агим Бафтии, Нана: Стефан Кочевски, Сми: Лора Тарчуговска.

Кореограф на претставата е Џејмс Амар, сценограф – Зоран Костовски, костимограф –Марија Пупучевска, додека главен репетитор, педагог е Тања Вујисиќ Тодоровска.