Претпремиера на претставата „Свадба“ од Чехов во Кинотека

Вечерва (6 декември), со почеток во 22 часот во Кинотека на Македонија ќе се одржи претпремиерата на новата театарската престава на Театар Фабрика „Свадба“ од Чехов, а во режија на Ѓорѓи Ризески.

Инаку, главната премиера ќе се одржи утревечер (недела), со почеток од 20 часот.

„Дали точно определените принципи кои ни покажуваат како треба да живееме и денес функционираат за доброто на народот? Колку луѓето се способни да погледнат во историјата и да ги селектираат полезните работи кои ни помогнале да бидеме подобри и не направиле да бидеме она што сме денес. Можеби треба да направиме тежок и подолг чекор за да го фатиме времето во кое живееме или во кое подоброод нас живеат другите луѓе“, вели режисерот Ризески.

„Свадба” е втора претстава во продукција на Театар Фабрика, која говори за малограѓанството и неговите своеволни неправилни принципи на живеење на животот.

Улогите ги толкуваат Теоман Максут, Ѓорге Попов, Миа Кантарџиева, Емине Халил, Бобан Алексоски, Ангела Димитрова и Горан Ников.