Премиера на младинската претстава „Нашиот клас“

Премиерно вечерва во Театарот за деца и младинци во Скопје ќе биде изведена современата драма „Нашиот клас“ од полскиот автор Тадеуш Слобоѓанек.

Премиера на младинската претстава „Нашиот клас“

Станува збор за младинска претстава, наменета за публика над 14-годишна возраст која ги третира полско-еврејските односи.

Почетокот е закажан во 20 часот, а претставата е во режија на Владимир Милчин, кој првпат работи во овој театар.

Улогите ги толкуваат: Наташа Петровиќ, Симона Спировска, Емра Kуртишова, Драган Довлев, Предраг Павловски, Владимир Лазовски, Ненад Митевски, Мики Анчевски, Бојан Kирковски и Мартин Јорданоски.

Сценограф е Kрсте Џидров, костимите се на Марија Пупучевска, а Марјан Неќак е композитор на два сонга.