Преку телефон донирани 120 илјади евра, граѓаните бараат државата да се откаже од ДДВ!

На телефонските линии за донација на Црвениот крст преку трите мобилни оператори – 143 400, заклучно со 12:00 часот денеска,  во хуманитарната акција наменета за настраданите од поплавите во Србија и БиХ, собрани се 7.300.000,00 денари или речиси 120 илјади евра, соопштија од Црвениот крст на Република Македонија.

Преку телефон донирани 120 илјади евра, граѓаните бараат државата да се откаже од ДДВ!

Во истовреме, на социјалните мрежи граѓаните формираа иницијатива со која се бара од Владата да го укине ДДВ-то за хуманитарна помош и донации. Со секој телефонски повик на граѓаните со кој се донираат 100 денари, државата дополнително наплаќа 18 денари за ДДВ.

Доколку Владата се одлучи да се откаже од овие средства, тогаш и тие би можеле да се пренаменат за настраданите во поплавите во Србија и БиХ.

Извори од Владата за Радио МОФ потврдуваат дека веќе се прават консултации за ова прашање, односно дали ќе се одлучи државата да се откаже од ДДВ-то на парите донирани со телефонските јавувања.

Хрватската Влада денеска преку Твитер соопшти дека се откажува од данокот на додадена вредност за сите повици со кои се донираат пари за настраданите во поплавите во Србија и БиХ и целата сума ќе биде пренасочена кон примателите на донациите.