Предновогодишна солидарна забава за новинари

МедиумиПредновогодишна солидарна забава во Клубот на новинари вечерва (27 декември) организира Самостојниот синдикат на новинари и на медиумски работници на Македонија кога ќе се реализира и првата акција на Новинарскиот солидарен фонд.

Настанот почнува во 20.30 часот, а 20 отсто од средствата од продадените пијалоци, како и доброволните прилози што ќе ги одвојат посетителите ќе одат во фондот наменет за помош на колегите новинари.

Свој настап на настанот ќе има новинарскиот бенд Репортери кои се иницијатори на акцијата „Солидарност за слобода“ во чии рамки се изготвува музичко ЦД.

„Вашиот прилог е скапоцен. Дојдете на Предновогодишната солидарна забава во Клубот на новинарите во Скопје и искажете ја својата солидарност со колегите и професијата“, стои во повикот за акцијата.