Предлог за укинување на титулата уметник од национален интерес

Министерството за култура предложи укинување на Законот за националниот уметник и титулата национален уметник што ја доделуваше претседателот Ѓорге Иванов.

„Со Предлог на законот се предлага Законот за националниот уметник на Република Македонија да престане да важи. Имено, Законот создаваше нерамноправен третман помеѓу националните уметници и другите вработени во културата, кои имаат примања во многу помал износ од просечната плата во Република Македонија“, се вели во образложението поставено на Единствениот електронски национален регистар

Титулата почна да се доделува од 2011 година, а секој носител доживотно секој месец добива по 60.000 денари. Ваква титула имаат пијанистот Симон Трпчески, режисерот Милчо Манчевски, пејачката Есма Реџепова  Теодосиевска, оперските пејачи Борис Трајанов и Ана Дурловски, поетот Никола Маџиров.