Предавањето „Изумот на збогатувањето: кучиња, луѓе, храна и работа“ на „КРИК фестивал“

По концертот на групата „Millions of dead tourists“ од Грција, на програмата на годинешното осмо издание на „КРИК – фестивал за критичка култура“, гостува Мaргрет Гребович, која ќе одржи предавање проследено со дискусија на тема „Изумот на
збогатувањето: кучиња, луѓе, храна и работа“.

„Во с’ржта на односот куче-човек е храната. Но, денес, воопшто не е јасно што следи од овој добро увежбан факт на споделување на храна помеѓу луѓето и кучињата. За да се обидеме да ја разбереме енормно сложената работа што се одвива во позадина на невиното име „храна за кучиња“, мора да се разделат мноштво реторички и семиотички различни видови на учесници и инфраструктура“, стои во описот за предавањето.

Настанот ќе се одржи во сабота на 20 мај со почеток во 20 часот во просториите на КСП Центар Јадро, а предавањето ќе биде на англиски јазик.

Фокусот на професорката Гребович е континенталнaта филозофија. Таа ги истражува еколошката имагинација и желба. е автор на следните книги: „Rescue Me: On Dogs and their Humans“, „Mountains and Desire: Climbing vs. Beyond the Cyborg: Adventures with Donna Haraway“ (коавтор со Хелен Мерик) и „Why Internet Porn Matters“. Моментално е ангажирана во Универзитетот во Силесија во Полска.

Како и во последните неколку години, „КРИК фестивалот“, во организација на Контрапункт и годинава насловен „Заробени во слободата“  ќе се одвива во неколку кластери низ годината, бидејќи, велат организаторите, обидот да ја живееме и поттикнуваме критичката култура не може да биде еднократен – тоа е влог кој трае континуирано и постојано.