Предавање на студентите биолози за непознатиот жив свет во Македонија

Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ), организира јавно предавање на тема: ,,Неверојатниот жив свет на Македонија  – видови за кои не сте знаеле дека постојат”. Јавнотото предавање ќе се одржи во четврток (3 декември) во клубот ГЕМ во Старата скопска чаршија. Настанот почнува во 18:00 часот, а влезот е бесплатен.

На предавањето ќе се презентираат информации околу животински и растителни видови за кои јавноста до сега не слушнала или не видела. Ќе се разговара за видовите кои живеат во Македонија, но поради својот изглед, форма, обоеноеност или екологија најчесто на јавноста и делуваат атрактивни и неверојатни. На предавањето ќе се разбијат и некои народни митови, легенди и небулози поврзани со животите на некои видови. Месојадни и паразитски растенија, отровни габи, огромни инсекти, змии и гуштери како и истребени птици ќе бидат само дел од видовите кои ќе бидат презентирани. На предавањето ќе се изложи и мала поставка со препарирани и хербаризирани видови, но и микроскопи и бинокулари за добивање целосна слика за живототот на дел од видовите.

Истражувачко друштво на студенти биолози (ИДСБ) е младинска истражувачка организација која се занимава со едукација на студентите и членовите во областа на биологијата како и истражување и изучување на биодиверзитетот на Македонија. Ова јавно предавање се организира како дел од нивната програма за едукацијата на општата јавност во областите на биодиверзитет и заштитата на животната средина.