Пречестото користење социјални мрежи води во маѓепсан круг на депресијата

Колку повеќе време младите поминуваат на социјалните медиуми, толку е поголема веројатноста тие да станат депресивни, покажува една од последните медицински студии на Универзитетот Питсбург.

Од лицата на возраст меѓу 19 до 32 години, кои учествувале во истражувањето, оние најчесто ги проверувале социјалните мрежи во текот на неделата имале за 2,7 пати поголеми шанси да се развјат депресија од оние кои тоа го правеле најретко. Испитаниците чија бројка била 1 787 лица од САД ги користеле социјалните медиуми во просек по 61 минута дневно и имале по 30 посети неделно. Од нив кај една четвртина имало откриено високи индикатори за депресија.

„Постои голема можност дека луѓето кои веќе имаат депресивни симптоми почнуваат да ги користат социјалните медиуми повеќе, можеби затоа што тие немаат енергија за да се вклучат во што поголем број директни социјални врски”, вели д-р Брајан Примак, директор на Центарот Пит за истражување на медиуми, технологија и здравство, водач на студијата.

Сепак, тој појаснува дека има неколку причини зошто социјалните медиуми може да доведат до повеќе депресивни мисли. Еден пример, кој тој го наведува е феноменот кој понекогаш се нарекува „Фејсбук депресија“.

„Луѓето кои се впуштаат во пречеста употреба на социјалните медиуми може да чувствуваат дека не живеат како идеализирани портрети на животот кои другите луѓе имаат тенденција да ги претставуваат на нивните профили. Како и со многу други работи во областа на општествените науки, исто така, може да значи и дека двете од овие насоки се точни.

Ова би можело да биде поврзано, бидејќи тоа би значело дека постои потенцијален маѓепсан круг: Луѓе кои стануваат депресивни да се свртуваат кон социјалните медиуми за поддршка, но нивниот прекумерен ангажман потоа може да послужи само за да ја влоши нивната депресија”

Студијата од Универзитетот во Питсбург Факултетот за медицина, ги земал во предвид 11 најпопуларните социјални медиумски платформи за време на истражувањето: Фејсбук, Јутјуб, Твитер, Гугл Плус, Инстаграм, Снепчет, Редит, Тамблир, Пинтерест, Вајн и ЛинкедИн.Во моментов има повеќе од една милијарда луѓе кои активно користат Фејсбук секојдневно, а Твитер привлекува 320 милиони активни корисници секој месец.