„Вистинска убавица“ – Хабл со фантастична фотографија од спирална галаксија

Телескопот Хабл на Американската вселенска агенција (НАСА) направи фотографија од спиралната галаксија наречена НГЦ 2903.

„Оваа убавица е оддалечена 30 милиони светлосни години и беше дел од истражувањата на Хабл“, напишаа на официјалната Твитер страна на телескопот.

За оваа галаксија е карактеристично тоа што во нејзиниот централен регион се создаваат нови ѕвезди со нетипична брзина. Спиралните галаксии се најбројни во вселената и сочинуваат околу 75 проценти од сите галаксии.

Во ова истражување опфатени се уште стотина други слични галаксии, кои треба на астрономите да им помогнат во подоброто разбирање на црните дупки.