Пратениците гласаа за менување на Уставот

Со 82 гласови „за“ пратениците попладнево ги изгласаа уставните измени. Како што истакна претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, одлуката за пристапување кон измена на Уставот усвоена со двотретинско мнозинство, стапува на сила веднаш.

устав

Согласно измените, бракот се дефинира како заедница меѓу маж и жена, се прецизираат фискалните правила во буџетот со ограничување на буџетскиот дефицит од три проценти и на јавниот долг од 60 отсто од БДП, а Народната банка се преименува во Банка на РМ. Се воведува и уставна жалба, како и дефинирање на Државниот завод за ревизија како уставна категорија.

Извор: Радио Слободна Европа