Прашалник за родители за влијанието на кризата со Ковид-19 врз образовниот процес

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, со поддршка од канцеларијата на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија и Реактор –Истражување во акција, спроведуваат сеопфатно истражување поврзано со здравствената криза и Ковид-19 која, во голема мера, влијаеше на начинот на кој се реализира воспитно-образовниот процес во земјава.

Прашалникот е наменет за родителите или старателите на деца кои учат во основно училиште, со цел подобро да се разберат нивните искуства и предизвици со кои се соочиле за време на пандемијата со коронавирусот и по затворањето на училиштата, кога учењето се спроведуваше на далечина.

„Основната цел на истражувањето е да ги сумира сите релевантни искуства и да го процени севкупното влијание на пандемијата Ковид-19 врз образовниот процес во земјата. Преку вклучување на сите засегнати страни (даватели и корисници на услуги во образовниот сектор) – директори, наставници, родители и ученици, ова истражување ќе ни даде директен увид во различните искуства и важните аспекти на учењето на далечина“, посочуваат од Министерството за образование и наука.

Тие информираат дека добиените сознанија ќе се искористат исклучиво за анализа на постојната состојба и за креирање на идните планови и активности во образовната политика.

Прашалниците за родители/старатели може да се најдат на следниве линкови:

Прашалник за родители/старатели на македонски јазик

Прашалник за родители/старатели на албански јазик