Познати кандидатите за наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата

Жири комисијата за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска стихозбирка на македонски јазик, издадена за време помеѓу двете фестивалски изданија направи избор од пет автори кои со своите дела ќе се претстават на фестивалот.

Одбрани за наградата „Браќа Миладиновци“ се авторите Пајо Авировиќ со своето дело „На погрешната страна“, Андреј Ал-Асади со стихозбирката „Небесна геометрија“, поетесата Долорес Атанасова – Лори со делото „Небо во кафез“, Ива Дамјановски со делото „Двоумење“ и поетот Јосип Коцев со неговата поезија „Музеј на чувствата“.

Еден од овие пет автори ќе биде прогласен за добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на прес-конференција во рамки на програмата на фестивалот.

Оваа година ќе се одржи 59то издание на оваа поетска манифестација.