Повторно пуштен возот од Скопје до Солун

Од сабота повторно во сообраќај ќе биде пуштен возот „Хелас“ кој ќе го поврзе Скопје со Солун.

Повторно пуштена линијата од Скопје до Солун

Билет во еден правец од Скопје до Солун ќе чини 12,2 евра, а повратниот 19,5 евра. Според најавите во периодот од 10 мај до 10 јуни за сите патници ќе има и попуст од 30 отсто на овие цени.

Возот од Скопје за Солун ќе поаѓа во 5,15 часот наутро, а во Солун ќе пристигнува во 11,16 часот по локално време. Од Солун возот ќе тргнува во 15,5о часот, а во Скопје ќе пристигнува во 19,50 часот. Истиот воз потоа продолжува кон Белград каде пристигнува во раните утрински часови, а оттаму според возниот ред ќе тргнува во 18 часот и 45 минути.