Повик за учество во проектот „Младите вклучени во кругови на доверба“

Центар за граѓанска иницијатива од Прилеп, во соработка со ЛГБТ Јунајтед од Тетово, НВО ЛИНДА од Куманово и Организација на жените од Струмица го спроведуваат проектот „Младите вклучени во кругови на доверба“ чија основната цел е да се зајакнат младите од областите зафатени со конфликтот во 2001 за користење на методот на процеси на кругот како нов метод за трансформација на конфликти во заедницата.

Повик за учество во проектот „Младите вклучени во кругови на доверба“

За остварување на таа цел, Центар за граѓанска иницијатива и проектните партнери објавуваат оглас за вклучување на млади во имплементацијата на овој проект во следниве градови: Прилеп, Битола,Тетово, Гостивар Куманово, Липково, Струмица и Штип.

Огласот се однесува на сите млади лица од наведените градови кои сакаат да придонесат кон трансформацијата на конфликтите во нивната средина и кон изградбата на довербата меѓу младите.

Оние кои што сакаат да аплицираат за учество во проектот треба да се на возраст од 18 – 27 години, да испратат пополнета апликација која може да ја добијат со испраќање барање на е-мајлот marina@cgimk.org.mk  или ccimk@cgimk.org.mk, како и да испратат мотивационо писмо.

Апликациите треба да се достават најдоцна до 7 март до 16 часот на е-мејлот marina@cgimk.org.mk и ccimk@cgimk.org.mk . Избраните лица ќе станат членови на локланите фокус групи кои ќе минат серија дискусии на кои ќе се отварат прашњата за случки поврзани со минатото, културна размена помеѓу лица од „конфликтните подрачја“ и запознавање на „другиот/та“, разработка на минатото и соочување со искуствата од конфликтот во 2001. Младите од фокус групите ќе научат нов метод за разрешување на кофликти – кружни процеси.

Повеќе за проектот може да прочитате на следниот линк.