Повик за учество на младинска платформа за изведбени уметности „Хај – Фај“

Младински образовен форум во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество објавува повик за учество во младинска платформа за изведбени уметности „Хај – Фај“. Преку запознавање со техниките и елементите на театарот и неговата колективна дејност, основната цел на оваа платформа е со обука и работилници да се поттикнат учесниците да размислуваат и да научат повеќе за современите предизвици на младиот човек за да се насочи вниманието кон младинските проблеми, а со користење на креативната алатка театар.

Во текот на работниот процес, учесниците ќе имаат можност да споделуваат идеи, да работат индивидуално и во групи и заедно со менторите да создадат претстава. Со обуката и претставата ќе бидат опфатени теми за младинската невработеност и иселувањето на младите од државата.

Обуката ќе се одржи на 26 и 27 ноември, 2016 година. Кандидатите треба да ги исполнат следниве критериуми:

– Да бидат на возраст од 15 до 25 години;
– Да имаат интерес да научат како се создава театарска претстава и да учествуваат во неа;
– Да бидат вклучени активно и да се заинтересирани за унапредување на општеството;
– Да може да учествуваат на двата дена од тренингот;
– Да може да учествуваат на пробите и изведбата на претставата кои ќе се одржат по обуката.

Бројот на учесници е ограничен, a учеството е бесплатно. Обуката ќе се одвива на македонски јазик со искусни обучувачи во полето на театарот и изведбените уметности.

По завршување на дводневната обука, учесниците ќе бидат дел од работилници за подготовки/проби пред и на изведбата на претставата. Претставата ќе се реализира кон крајот на декември.

Сите заинтересирани треба да аплицираат најдоцна до 12 часот на 24 ноември 2016, а со испраќање целосно пополнет формулар на следниот линк. Повеќе информации на ivona_kuzmanovska@mof.org.mk. Потврда за учество ќе им биде испратена на одбраните учесници по истекот на рокот за пријавување, непосредно пред почетокот на обуката.

hajfaj-1