Младинскиот образовен форум (МОФ) во рамки на Медиа Арт клубот – Скопје објавува повик за учесници на обука за фанзини. Фанзините се „направи-сам-магазини“, обично изработени од фанови. Учесниците на работилницата ќе изберат заедничка тема, а потоа пишуваат текстови, креативни содржини, колумни или прават фотографии наменети за фанзинот.
„Преку запознавање со техниките и елементите на фанзините, основната цел на оваа работилница е да ги стимулира учесниците да креираат свои фанзини и да го развиваат тимскиот дух“, велат од МОФ.
Работилницата ќе трае 3 работни средби и ќе се одржи во Скопје во просториите на Младинскиот образовен форум. Средбите ќе се одржат на 16-ти, 17-ти и 19-ти јуни.
Обуката е отворена за млади од Скопје, на возраст од 16 до 25 години со желба да создадат фанзини и да ја развиваат својата креативност. Заинтересираните не мора да имаат претходно познавање од новинарство или било каков вид на уметност. Бројот на учесници е ограничен, a учеството е бесплатно. Обуката ќе се одвива на македонски јазик, предавач ќе биде Марија Треневска.
„Напиши го ти, тоа што сакаш да го прочиташ“.
Сите заинтересирани треба да аплицираат најдоцна до 15- ти јуни 2017 со испраќање целосно пополнет формулар на следниот линк.
За повеќе информации обратете се на ivona_kuzmanovska@mof.org.mk или контактирајте ја организацијата на : 02/3139 692. Потврда за учество ќе им биде испратена на одбраните учесници веднаш по истекот на рокот за пријавување. Обуката ќе се одржи во Скопје, а организаторот не покрива патни трошоци или трошоци за сместување.