Повик за нови членови во Медиа/Арт клубовите на МОФ

Сите млади на возраст од 15 до 25 години, кои сакаат да научат да ги користат новите медиуми и техниките на уметноста со цел да се постигне младински активизам и помагање на локалната заедница, сега можат да станат членови на Медиа/Арт клубовите на Младинскиот образовен форум.

Медиа/Арт клубовите на Младински образовен форум (МОФ) се место за слободно и креативно изразување на младите. Има пет вакви клубови низ Македонија: во Скопје, Тетово, Велес, Неготино и Струга.

Зошто Медиа клубот?

Ова е одлична шанса за членовите да научат да пишуваат новинарски текстови, да покриваат настани, да видат како функционира и да се вклучат во Радио МОФ, да имаат сопствена емисија, да научат монтажа, видео, или да бидат дел од работилници за фотографија.

Повикот е отворен за сите заинтересирани млади луѓе, а пријавувањето е најдоцна до 30-ти септември 2015 година, преку пополнување на формуларот на следниов линк. Не е потребно претходно искуство на темата.

Блогот „Media Art Idea Box“ е онлајн платформа која служи за инспирација на членовите на клубовите и за промоција на самите клубови. На блогот може да се најдат информативни содржини и вести за позитивни примери на креативен активизам како и објави подготвени од самите членови на клубовите.

Волонтерите треба да бидат на возраст од 15 до 25 години и да испратат пополнета апликација за волонтер  на  aleksandra_filipova@mof.org.mk. Краен рок за поднесување на апликација е 28-ми септември 2015 година.

Зошто Арт клубот?

Членовите на овој клуб ќе имаат можност да научат повеќе форми на уметност, да се запознаат со креативен активизам, да спроведуваат акции, да земат учество во изложби со сопствени дела. Времетраењето на една работилница е максимум два месеци, во кои членовите темелно ќе ги изучуваат алатките кои се предвидени во програмата. Медиа/Арт клубовите на МОФ ќе ги обезбедат сите потребни материјали за работа на членовите, како и предавачите со кои ќе соработуваат.

Сите заинтересирани средношколци од Скопје, Велес, Тетово, Неготино и Струга можат да се пријават преку следниот формулар.