Повик за членови на младинскиот совет на Американската амбасада

Повик за членови на младинскиот совет на Американската амбасада

Младинскиот совет на Амбасадата на Соединетите американски држави во Македонија бара нови членови. Од Советот велат дека оваа единствена можност е отворена за сите квалификувани млади во земјата. Со приклучувањето кон тимот, заинтересираните ќе развијат вештини со кои ќе ги зајакнат своите лидерски способности и ќе придонесат за подобрување на состојбата со младите во Македонија. Членовите на советот имаат можност да се вклучат во дијалог со вработените во Амбасадата, да осмислуваат настани и активности што ги промовираат младинските прашања, како и да се поврзат со други млади лидери.

Повикот е отворен за државјани на Македонија на возраст од 18 до 25 години, активни млади луѓе со добри комуникациски и компјутерски вештини. Заинтересираните треба да пополнат апликација и заедно со мотивациско писмо да ја испратат на ycusmac@gmail.com, најдоцна до 11 април. Квалификуваните кандидати ќе треба да испратат и ЦВ подоцна во изборниот процес.

Повеќе информации за повикот прочитајте на веб-страницата на Младинскиот совет на Американската амбасада.