Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) во рамки на Проектот за граѓанско учество на УСАИД Македонија, објавува повик за годишна награда за младинско учество (Youth Civic Engagement Award).
Според НМСМ, оваа награда има за цел да ги препознае и поддржи придонесот сторен кон младинското учество од страна на млади индивидуалци и неформални групи.
„Годишната награда за младинско учество ќе награди најмногу до двајца индивидуалци и до две неформални групи. Наградата која ќе ја добијат победниците e поддршка во висина од 1.500 американски долари за индивидуалци и до 2.000 американски долари за неформални групи. Годишната награда за младинско учество ќе го препознае придонесот на млади (18 – 29 години) чие дејствување во периодот од јануари 2016 до декември 2016 на некој начин придонело кон подорување на состојбата на заедницата која е во нивниот фокус или придонело кон остварување на јавниот интерес“, велат од НМСМ.
Пополнетиот формулар за номинација може да се достави по електронски пат на applications@nms.org.mk или да се достави во просториите на Националниот младински совет на Македонија на ул. Мирослав Крлежа бр.52/2, најдоцна до 5 мај 2017.
„Ве покануваме, да номинирате индивидуа или неформална група за кои сметате дека завршиле добра, креативна и полезна работа за младите“, велат од НМСМ.
Целосната објава погледнете ја на линкот .