Повик на „Крик“ за учесници на младинска програма во специјалните училишта

Центар за младински активизам „Крик“ спроведува младинска програма за лица со попреченост и лица со типичен развој.

Младинската програма е составена од 10 работилници кои се одвиваат еднаш неделно во период февруари-мај 2019 во училиштата „Партенија Зографски“, „Завод за рехабилитација на деца и младинци“ во Топанско поле и „Св. Наум Охридски“.

Една работилница трае 1 час и 30 мин. Младинските програми се наменети за млади лица.

Темаата на работилниците е „Инклузија на лица со попреченост со нивните врсници преку учество во заеднички активности“.

Работилниците ќе опфатат теми како сексуално образование, менаџирање на буџет и занаетчиство.

Работилниците се реализираат во просториите на училиштата во Скопје и во природа. Работилниците се одвиваат во период од февруари до мај.

Апликациската форма можете да ја најдете тука. Контакт на kriksending@gmail.com.