Порнографските страници ги блокираа корисниците од Калифорнија во протест против нов закон за кондоми

Доколку биде усвоен нов предлог закон во Калифорнија, сите порно ѕвезди ќе мора да користат кондоми во филмовите за возрасни. Иако законот е предложен како мерка за поголема заштита при сексуални односи и подигнување на свесноста за сексуално преносливите болести, порнографската индустрија не се согласува со промената. Во знак на протест, го блокирале пристапот до порнографија на сите корисници во државата.

Vivid Video, Evil Angel, Kink, Pink & White Productions и Treasure Island Media почнале да ги блокираат гледачите од Калифорнија вчера, со порака која ги повикува да гласаат против Предлогот 60.

За Предлогот 60 граѓаните на Калифорнија ќе можат да гласаат на 8 ноември. Со него, не само што кондомите ќе бидат задолжителни во филмовите за возрасни, туку и секој жител на државата ќе може да тужи продуценти и дистрибутери на порнографска содржина во која актерите не користат заштита.

Иако блокадата на порнографските страници била наменета да трае само еден ден, ќе стане постојана за жителите на Калифорнија доколку предлог законот биде изгласан. Компаниите веруваат дека никој нема да може да ги тужи, доколку не може ниту да ги гледа филмовите. Страницата на Vivid содржела порака, во која пишува: „Доколку живеете во Калифорнија и Прелогот 60 помине, вашето порно ќе изгледа вака“.