„Порнхаб“ ќе ги подучува своите корисници за здрав сексуален живот

Најпознатиот порнографски сајт „Порнхаб“ започнува нова кампања со која ќе и понуди на својата публика формални лекции за здрав сексуален живот.

Вчера, компанијата го лансираше „Центарот за сексуално здравје Порнхаб“. Тие се надеваат дека бесплатниот сајт ќе стане извор за дел од нивните 70 милиони дневни корисници за разни теми, како на пример за информации околу сексуално преносливите болести, сексуалната безбедност и како да се справуваат во врските.

Компанијата го избра д-р Лори Бетито, реномиран секс терапевт, кој ќе го предводи сајтот, а воедно ќе соработуваат и со бројни доктори, терапевти и други експерти за да понудат совет и одговор на прашањата на корисниците. Заменик-претседателот на „Порнхаб“ во изјава за Mashable вели:

„Нашата цел е да ги снабдиме нашите посетители со сајт што има кредибилни и сеопфатни информации, откколку да пребаруваат на интернет“.

Оттаму информираат дека датабазата се уште е во изработка, но на прв поглед се гледа дека почнале со основите, со прашања како „Од каде доаѓаат бебињата?“ и „Дали навистина има три дупки?“ Иако ова може да изгледа смешно за возрасните корисници, има голем број млади луѓе за кои ова се вистински прашања.

Содржината на овој сајт нема да биде наменета само за почетници, туку за секој што е заинтересиран за точни совети поврзани со сексот, споделени од експерти.