Поглед врз Африка и Европа преку новa сателитскa фотографиja

Нов сателит за следење на временските услови ја објави својата прва слика од Земјата. Европскиот сателит MSG-4 го овековечи шаренилото на Земјата од својата позиција во вселената. Новата сателитска фотографија, на која највпечатливи се зелената и кафеавата боја, дава поинаква перспектива на два континети, Африка и Европа.

MSG-4 моментално е во шестмесечна мисија, а беше лансиран во вселената на 15 јуни.  Потоа MSG-4 ќе биде преименувам Meteosat-11 и ќе остане во вселената во фаза на хибернација, се додека не биде заменет од друг Meteosat, како дел од третата генерација на овие сателити, која ќе стартува во 2019 година, пишува Mashable.