Поетско читање во МКЦ по повод Светскиот ден на поезијата

Младинскиот културен центар во Скопје ќе го одбележи Светскиот ден на поезијата – 21 март со поетско читање во бифе Фросина, со почеток од 20 часот.

На читањето ќе се претстават Иван Шопов, Андреј Ал-Асади, Ѓоко Здравески, Снежана Стојчевска, Давор Стојановски, Биљана Стојановска, Даниел Карески, но и сите други кои имаат желба да учествуваат.