„Поетски слем“ на младата бит генерација во Друштвото на писатели на Македонија

Утре (18 септември) во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) ќе се одржи „Поетски слем“ на кој ќе настапат претставници на младата бит генерација која во македонскиот книжевен простор се повеќе го привлекува вниманието на литературната јавност.

 „Поетри слем“ на младата бит генерација во Друштвото на писателите на Македонија

Со оваа средба ДПМ ја отвора можноста за презентација на новите алтернативни поетски движења во духот на коегзистенцијата на различни книжевни идеи, со взаемни надополнувања и со отворен интерес едни кон други.

Поетскиот слем во ДПМ ќе го води Елена Пренџова, а ќе настапат поетите Никола Илијовски, Билјана Т. Димко, Бобан Богатиновски, Марина Мијаковска, Афродита Николова, Игор Трпче, Драгица Здравеска, Ристе Иракоски, Перо Сарџоски, Цветанка Колева, Габриела Станоеска, Ивана Стојковска, Димитри Соле Љубин, Дамијан Каранфилов, Џенк Ејуп, Исидор Јованоски и Андреј Ал-Асади.

Почетокот на настанот е најавен во 12 часот.