Поетски настан вечер во „Дуња“

Во социјален центар „Дуња“ вечер од 21 часот ќе се одржи првиот од серијата поетски настани, на кои ќе се чита и изведува и авторска и „позајмена“ социјална поезија.

„Поезија која несопирливо истекува од нашите разгневени срца, разјадени џигери и празни стомаци желни за промена! Ве покануваме сите, познати и непознати, млади и стари, дебитанти и искусни волци, сите вие кои се дрзнувате да творите од душа за душа и храбро да пуштите солидарен крик против чумите на 21-виот век!“, стои во најавата за настанот.

На крајот на вечерта ќе имаме и „open mic“ (отворена сцена) за сите оние кои не се сигурни дали сакаат да настапат но атмосферата ќе ги убеди да го сторат тоа. Во прилог на настанот ќе се подаруваат примероци од втората збирка поезија на Марија Грубор, „Водата нешто носи“.