Подкасти сезона 2023 – 2024

Подкасти сезона 2023 – 2024


—–

indog – #celebratelifepodcast 29.04.2024 – Listen, Feel, Joy mix – May 2024

101-та епизода на #celebratelifepodcast нежно будење и уживање со новиот микс инспириран од пролетта и живописот! Само нежно кон себе! 💙🤗

1. Rhythm & Sound – King In My Empire (w, Cornel Campbell)
2. Nathan Fake – The Sky Was Pink
3. Lufthansa – Јапонија
4. Gloomie, Sam – Без срам
5. Qendresa – 2 Much
6. Каролина Гочева – Хипокрит
7. АудиоЦигла – Електро Момак
8. Мannmademusic – Under
9. Сашко Костов – So far away
10. Groupthink & ABRA – Gold On Me
11. PMG Kolektiv – 24 часа
12. Mihail P – Theta Wave
13. Michael Mayer – Lovefood (Matias Aguayo Mix)
14. DJ Koze – Drone me up, Flashy feat. Sophia Kennedy

———

Дебели Гикови S01E16 – “Ристо Манасиев –WARHAMMER 40K” 26.04.2024 – 20:00

„Дебелите Гикови се вратија во студио со пола сила и со полна пареа веднаш направија огромен бум со новата епизода каде што збореа за една многу интересна тема која што не се збори доволно на нашите простори!
Дебелите Гикови во студио го имаа Ристо Манасиев (@_halfelfpaladin_) кој што е фанатик на Поп-Култура, но е еден од најголемите фанатици на “WARHAMMER” универзумот. Се работи за еден од најпознатите универзуми што е дел од Поп-Културата и Дебелите Гикови заедно со Ристо за околу час-ипол успеаа да го фатат секој аспект на се што е WARHAMMER, како се игра играта и се можно“, велат Марио и Огнен, автори и водители на подкастот.

——

Збор звук сила со Гето Руди 25.04.2024 S02E08 19:00

Во осмото издание на „Збор, звук и сила“ (Word Sound & Power) му оддаваме почит на реге-ветеранот Тони Таф, кој почина пред неколку дена, а потоа слушаме рага-џангл ремикси претежно од Велика Британија, но малку и од балканските простори… Да ги размрдаме работите, да се раздвижиме и да се загрееме!

Уживајте во реге и даб и днб со Регесаурус Гето Руди на Радио МОФ! 🌴🇲🇱🎶🇯🇲

——

Издиши се Четврток 25.04.2024 S01E10 – 19:00

Темата на десеттата епизoда од втората сезона на „Издиши се” се однесува на траума и посттрауматското стресно нарушување или PTSD.

Водителката Симона Паскоска со гостинката Розалија Секулоска, која е лиценциран психолог и психотерапевт разговараат за траумите и нивното влијание врз нашиот живот, како и за посттрауматското стресно нарушување или PTSD кое игра голема улога во извршувањето на сите животни предизвици, ситуации и навики.

———

Филмофилос – Актери и режисери. S1EP9 – 22.04.2024 – 21:00

Деветта епизода на подкастот „Филмофилос“

„Наместо философско-психолошка тематика, овојпат обработуваме тема од филмот: филмските двојки на режисер и актери. Од Тарантино и Турман до Петковски и Темова. Режисерот и дизајнер Марио Петковски, и актерката Сандра Темова ни раскажуваат повеќе за нивните заеднички и независни искуства во филмот. Преку нивниот однос ќе дознаеме повеќе како филмските двојки всушност функционираат“, вели Максим водителот на подкастот Филмофилос.

——-

ДРАГичка 08.04.2024 S01EP10 – Stefan Strange 20:00

Кажете ДРАГичка, за 10тата епизода. Водителката Дариа Бафи разговара со Стефан Стрејнџ за дрег уметноста и неговото искуство со дрег.

Baiiiiiii 💅

———

#celebratelifepodcast – indog X Pandamonium радио – S5 EP100 22.04.2024

Во 100-тата јубилејна епизода на #celebratelifepodcast гости ми беа Даре – Irie scratch и Трајче – Tactivity од Pandamonium радио. Со нив делиме иста цел: Поквалитетна култура, музика и пристап кон сето тоа. Зборуваме за разни теми, вклучувајќи го искуството на водење на поткаст и колку е битно да се сака она што го работиме и веруваме во истото. Pandemonium заедницата и дружбата, новата музика, UK новата сцена, како и нашиот живот во културата.

Слушавме:
1. A$AP Rocky – Purity (feat. Frank Ocean).
2. Wesley Joseph – Cold Summer.
3. Qendresa – 2 Much.
4. Slowthai – Feel Away.
5. Chy Cartier – BOSSED UP.
6. The Weeknd – The Party & The After Party.

Culture matters, ya already know that.
И да ве потсетам: Само нежно кон себе во Понеделник!

—-
Јас сум Цако 17.04.2024 – S09EP6 – 20:00

Во најновата емисија на „Јас сум Цако“, гостинка е новинарката Соња Драгољуб Гиздавиќ.

Цако со Соња разговара за книгата „Приказни од ‘‘петка” и инспирацијата за истата како и за нејзината кариера, изработката на накит и модното креирање.

———

Хип Хоп Манија 17.04.2024 S09EP5 18:00

Нова петта епизода од деветтата сезона на емисијата Хип Хоп манија со Дино Бесниот Витез, каде го преслушуваме албумот „D12 World“.

——-

Дебели Гикови Специјал: “Lenovo Legion Go – Рецензија 15.04.2024 – 18:00

„Се ближи лето и по тој повод Дебелите Гикови официјално почнуваат да слабеат! Мора да направат некое добро тело за летово стомачињата да си ги сончаат на плажичка.
Иако они почнаа, сепак најголем инцијатор за ова беа дечките од Анхоч Гејминг кои што преку @comics.mk им дадоа еден многу специјален гејминг уред прво за рецензија а потоа и за уживање “Lenovo Legion Go”.

Дебелите Гикови во соработка со Comics.mk скрчкаа една многу добра рецензија за уредот на која што сите вистински ги покажаа емоциите и чуствата на самиот уред за тоа колку е добар и работите што ги нуди. На рецензијата можете да го видите Огнен иако беше најстар како се чуствуваше како мало дете што добило нова и интересна играчка“, велат Марио и Огнен, автори и водители на подкастот.

——-

#celebratelifepodcast АМ шоу – indog, 15.04.2024 – S5 EP99

Понеделничко прекрасно пролетно утро низ улиците на Скопје! 99-та епизода во сезона 5! Зборував како добро си пројдовме на вчерашниот BBQ настан на Sure shots во Three kitchen и колку беше убаво во дворот. Понеделнички ме разбуди супер порака од другарка ми Елена: “Вратена сум, ти ги донесов плочите.” Уште сум импресиониран од пролетта, па неизбежно беше и за тоа да се прозбори и дека пролетта е период на промени, и колку е убаво што во градот каде што живееме има планина и природа во која што може да уживаме. Во 100-тата епизода гости ќе ми бидат Pandemonium радио другарите Irie Scratch и Трајче (Хеј Хеј!). Викендов имаше Coachella и зборев малку за тоа. Во сабота се случува record store day во Буква и ќе пуштам плочи таму, пројдете таму. Бидете добри, внимавајте на себе и на останатите, и да бидеме по фини едни кон други. Сите поминуваме низ различни работи и состојби.

——-

Издиши се Четврток 11.03.2024 S01E9 – 19:00

Темата на деветтата епиозда од втората сезона на подкастот „Издиши се”, се однесува на Импостер синдром или синдром на измамник.

Водителката Симона Паскоска со гостинката Сања Стефановиќ која е лиценциран психолог, психотерапевт и едукатор, разговараат за значењето на Импостер синдромот и неговото влијание врз нашите секојдневни активности.

Преку едукативниот разговор, водителката и гостинката истакнуваат насоки и препораки за тоа како да се намали неговото влијание.

———

Збор звук сила со Гето Руди 11.04.2024 S02E07

Во денешното издание на Збор звук и сила (Word Sound & Power) Регесаурус Гето Руди, десет дена пред сите, се осврнува на големиот светски празник – 4/20!

Во музичкиот колаж слушаме песни од различни реге-генерации, кои ја слават светата тревка, што Џа Растафари ја засадил на планината Сион! Уживајте во мелодиите и внимателно слушајте ги стиховите…

Уживајте во реге и даб и днб со Регесаурус Гето Руди на Радио МОФ! 🌴🇲🇱🎶🇯🇲

——-

Иди Шетај – Среда 10.04.2024 S01EP06 – 21:00

Шеста епизода на подкастот „Иди, шетај“ 👉

„Наш следен гостин во #ИдиШетај е големиот ентузијаст и предводник на Macedonian Bike Riders – Богоевски Горан и ни носи свежи содржини и интересни теми за разговор.

✅Ќе се муабетиме за животот во некои постари времиња во Скопје, за слободниот живот на младите во Карпош, за маалските ривалства, за страста и љубовта кон спортот, за многу тури на 2 тркала, поддршка на хуманитарни акции, вело-настани, учества во акции и уште многу повеќе“, вели водителот и автор на подкастот Воислав.

———

Филмофилос – Времето на Анти-хероите. S1EP8 – 08.04.2024 – 21:00

Осма епизода на подкастот „Филмофилос“

„Во XXI век, преплавени сме од филмски ликови со доста негативни карактеристки. Од Тони Сопрано, Волтер Вајт, па се до Виланел, овие ликови привлекуваат широки публики. Филмофилос ви го преставува Кристијан Фидановски, општествен научник и докторанд на универзитетот Оксфорд. Максим и Кристијан ги дискутираат причините, подемот и успехот на анти-хероиски ликови“, вели Максим водителот на подкастот Филмофилос.

——-

ДРАГичка 08.04.2024 S01EP9 – Клара Марк 20:00

Кажете ДРАГичка, за 9тата епизода. Водителката Дариа Бафи разговара со Клара Марк за нејзините почетоци и искуство со дрег уметноста. Дариа вели дека тоа е кралицата со луда енергија.

Baiiiiiii 💅

——-

#celebratelifepodcast – АМ Шоу – indog 08.04.2024 S5EP98

„Пролетно утро низ улиците на Скопје. Јас во chill out состојба… Едвај извежбав овој понеделник и некако целиот бев спор, ама секогаш ми е ок кога имам емисија. Понеделници sux, знам, ама се трудам колку што можам да сум ок со тоа :) Благодарам им на тие што понеделниците не им се терет. Legalize 4 days weekend! Зборував колку е убава пролетта и како си пројдов, пуштајќи плочи во Саботата во Лабораториум и колку ми значат Nirvana. Затемнувањето на сонцето што имаа прилика да го доживеат оние во Америка. Ја споделив и програмата на новото издание на фестивалот Крај Варадрот Џез и дека не треба да се пропушти настапот на Поетроника (ако мене ме прашувате)“, вели indog, автор и водител на подкастот.

Слушавме спора, нежна и одлична музика:

1. Sonic Youth – I Love You Golden Blue.
2. Nirvana – Come as You Are.
3. Deafheaven – Near.
4. a.s.o. – Love in the Darkness.
5. SCSI-9 – The Line Of Nine.
6. Lufthansa – Јапонија.
7. The Libertines – Songs They Never Play on the Radio.
8. Fadi Mohem – Endless.
9. Tiga, Hudson Mohawke – IN ORDER 2.
10. Mihail P – Moon Chaser.
11. Eddie Richards – Soul Is Life.

Уживајте!

——

Дебели Гикови 04.04.2024 – 20:00 S01E15 – “Гаја Смилевска – Скрши што судбината гради“ + Многу Гејминг Муабети

„Секогаш е убаво кога има нешто ново што може да се понуди, посебно е убаво кога е нов македонски стрип! Ретко го гледаме тоа, но кога и да го видиме, едноставно мора да го што е можно побрзо и да уживаме во тоа!

Дебелите Гикови Марио и Огнен во новата епизода на гости ја имаа Гаја Смилевска која што е автор и цртач на новиот македонски стрип ‘Скрши што судбината гради’ кој што раскажува многу забавна византиска приказна која што се случувала на нашите простори! Сите кои што сакаат да го имаат стрипот тоа можат да го сторат со присуство на промоцијата на 05.04.2024 во ‘Буква’ со почеток од 19:00h! Дојдете сите на пијачка и стрип!

Но сепак, Дебелите Гикови решија дека епизодата нема да биде само промоција на новиот Македонски стрип туку ќе биде збогатена и со многу разни муабети поврзани со делови од Поп Културата како нови филмови, серии, и игри!

Студиото на Радио МОФ се вжешти кога Марио и Огнен влегоа во една многу сериозна дискусија која што беше поврзана со гигантите PlayStation и Microsoft! Имаме дојава дека техничарите зад камерите биле спремни да скокнат доколку се случело инцидент! (мала шала нормално)“, велат Марио и Огнен, автори и водители на подкастот.

Уживајте во Дебели Гикови

——-

„Прашај Паталец не Гаталец” – Орхан Багашов 02.04.2024 S1EP3 – 20:00

„Ана и Влатко овој пат дискутираат со Орхан Багашов околу неговите интереси за роботика и конструкторство уште од мала возраст, активностите за време на неговото средно образование, апликациите на факултети ширум светот и неговото искуство на универзитетот Манчестер во Англија. Како интересни теми спомнати се и вештачката интелегенција, хуманоидни роботи, стартапи, и многу друго“, велат Ана и Влатко, автори и водители на подкастот.

———

Indog – АМ шоу 01.04.2024 S05EP97

Пролетно расцутен понеделник и убав поглед низ улиците на Скопје, исполнет со велосипеди, пешаци и маскирани лица :) 97-мата епизода во сезона 5 и благодарност кон пролетта. Зборував за промоцијата на Поп Култура и колку убаво пројде и колку е убаво што излезе оваа плоча на млади артисти. Оваа епизода му ја посветувам на Мирко Попов и она што тој го правеше за овој град и го читав неговиот текст по повод 200-тото издание на ПМГ Рекордингс. Многу ми е драго што го познавав тој човек и што исто снимивме една епизода, а разговаравме и планиравме да бидат повеќе… Живот… Културата е многу важна и битна, веќе тоа го знаете. Исто спомнав како си пројдов пуштајќи плочи на првиот пролетен ден и љубилејната 30-ка на една другарка и разни други теми. И дека музиката е прекрасна терапија. Исто спомнав колку беше лудо на концертот на Lufthansa и колкуууу беа добри и колку се бендиште. Им посакувам да ги сретне некој добар агент сега на турнејата. Слушнете го нивниот нов албум (има и видео клипови кај мене на YouTube).

Слушавме прекрасна музика како и секогаш:

1. Mikkel Metal – Octarine.
2. Blank Gloss – The Replacement Wheel.
3. serpentwithfeet – Rum / Throwback.
4. Ben Kaczor – Ludilo (Vida Voyage Remix).
5. Freddie Jackson – Love Is Just A Touch Away (Intro Clean).
6. Laika – Breather.
7. PMG Kolektiv – Аfter Hours.
8. Gideon Jackson & Nino Naumov – Serious Fun.
9. Mellow – interlude.
10. Lufthansa – Kula.

Би благодарам што ме слушате во понеделник и потоа на streaming платформите“, вели indog, автор и водител на подкастот.

——-

Дебели Гикови 28.03.2024 – 20:00 S01E14 – Билјана и Јан од Јапан@МК

„Дебелите Гикови Марио и Огнен оваа недела ве носат на една многу интересна подкаст авантура од Македонија до Јапонија! Бидејќи долго време фановите им бараа на Дебелите Гикови да зборат нешто повеќе за Јапонската култура како Аниме и Манга, они решија дека во студиото ќе ги викнат луѓето кои што се занимаваат со тоа… @japan.net.mk

Јапонците кои што беа гости беа Билјана и Јан кои што се дел од Јапан@МК, луѓето кои што се причината зошто во Македонија како народ сме поблиску до Јапонија и се тоа они што го нудат! Главната тема за кои што беа на гости беа за нивниот “Сакура Фестивал” кој што ќе се случи на 1ви Јуни во МКЦ!

Но сепак не се збореше само за тој фестивал, се збореше за многу интересни теми кои што се нормално поврзани најмногу со Аниме и Манга уметноста, Јапонија во целост и многу повеќе“, велат Марио и Огнен авторите и водителите на подкастот.

——-

Издиши се – Елена Џебр Како да се подобри мотивацијата и да се остварат личните цели? 27.03.2024 S01E8 – 19:00

Темата на осмата епиозда од втората сезона на подкастот „Издиши се”, се однесувана мотивацијата и остварувањето на личните цели.
Водителката Симона Паскоска со гостинката Елена Џебр која е лиценциранпсихолог, психотерапевт и тренер за личен и професионален развој, разговараат заважноста на мотивацијата при остварување на личните цели.

Преку едукативниот разговор, водителката и гостинката истакнуваат насоки и препораки за тоа како да се зголеми мотивацијата за полесно управување со секојдневните активности.

——-

Збор звук сила со Гето Руди 28.03.2024 S02E06 19:00

Обиколувајќи го светот на реге-музиката, во шестото издание на Збор звук сила (Word Sound & Power) ќе застанеме во Холандија за да го чуеме тамошниот реге-звук, а потоа ќе продолжиме во Грција да видиме што се развива таму. Ќе завршиме енергично со американски драменбејс!

——-

Иди Шетај – Илија Деревјов. Среда 27.03.2024 S01EP05 – 21:00

„Наш следен гостин во #ИдиШетај е неозбилниот дечко, Илија, за обичниот народ едноставно попознат како Рус. Ни носи нова димензија во велосипедизмот, многу километри, спустови, енергија, искреност и забава.

Збориме за почетоците со туркање до Средно Водно, првите искачувања на 2 тркала, желбата за возење оф-роуд терен, големи спустови, искачувањата на нашите највисоки планини, желбата и сонот да се качуваат екстремни врвови и нивна реализација на највисоките можни врвови на планини и вулкани, како Килиманџаро, Дамаван, Арарат, се до последниот во Аргентина“, вели водителот и автор на подкастот Воислав.

———

Хип Хоп Манија 27.03.2024 S09EP4 18:00

Нова четврта епизода од деветтата сезона на емисијата Хип Хоп манија со Дино Бесниот Витез, каде го преслушуваме албумот „Disposable arts“.

——-

Филмофилос – Нарцисоидноста во филмот. S1EP7 – 25.03.2024 – 21:00

„Во оваа епизода ја дискутираме нарцисоидноста преку неколку филмски ликови-нарциси. Како вистински филмофили овие личносни карактеристики ќе ги препознаеме и анализираме преку главните ликови претставени во филмовите May, December (2023) и Sick of Myself (2022) лични препораки од нашиот водител Максим“, велат Максим и Елена водителите на подкастот Филмофилос.

——

ДРАГичка 25.03.2024 S01EP8 – Иги Мона Асентра 20:00

Кажете ДРАГичка, за 8мата епизода. Водителката Дариа Бафи разговара со Иги Мона Асентра и вели дека тоа е кралицата со најженствената и вештерска енергија.

——-

#celebratelifepodcast 25.03.2024 EP 96 – Вангел Ноневски

“Во 96-тата епизода разговарав со Вангел Ноневски, човек кој е присутен во независната културна сцена веќе долги години, а во последниот период е доста активен со својата издавачка куќа „Аксиома“. Разговаравме за различни аспекти поврзани со музиката, а особено се фокусиравме на новата џез сцена која се развива во Скопје во последните години, истакнувајќи колку фантастично звучат сите тие нови состави и бендови и колку исто ПМГ џез допринесе врз самата таа нова сцена. Разговаравме и за тоа како се креира култура со ентузијазам и сопствено финансирање, како и за значењето на посетувањето на културни настани во еден град“, вели indog.

——-

Дебели Гикови 21.03.2024 – 20:00 S01E13 – Јане и Кире -> Rogue Brush & EpicMiniPrint

13та епизода на подкастот „Дебели Гикови“.

„Гужва пред гол и гужва во студито! Дебелите Гикови Марио и Огнен малку повеќе го скршија мразот овој пат со тоа што во студио за првпат имаа 2ца гости! Изгледа малку им беше гужва да имаат со по еден гостин па сега мораа малку да ги кренат стандардите!

Во новата епизода на Дебели Гикови на гости беа едни многу јаки ентузијасти “Јане и Кире” или познати како“Rogue Brush и EpicMiniPrint” кое што се луѓето кои што прават “Диорами”. Тоа се едни мали фигурчиња кои што се во големина како паричка и со кои што се рекреираат познати сцени од филмови, стрипови, игри и разни приказни!
Можете многу да научите за овие работи во новата епизода од Дебели Гикови, иако на пола муабетот се префрли целосно од Диорамите и 3Д Принтањето, на нешто сосема друго бидејќи сепак кога Гикови ќе седнат и прават муабет… нема крај едноставно“, велат Марио и Огнен авторите и водителите на подкастот.

Уживајте во Дебели Гикови

—-

Јас сум Цако 20.03.2024 – S09EP5 – 20:00

Во најновата емисија на „Јас сум Цако“, темата е: Имам право да се информирам за моите права.

Гостите во емисијата на Цако се Драги Змијанац од Првата детската амбасада „Меѓаши“ и спортскиот новинар Бранко Чупески.

Цако со Змијанац разговара за детските права, конференцијата „Креирај го своето место за растење“, но и дали се маргинализирани малцинските деца. Со Чупески, пак, зборува за тоа како е да се биде спортски новинар, но и за учеството во танцовото шоу „Танц со ѕвездите“ и познавањето на танцот.

———
Guerilla Radio – Јордан Костов 18.03.2024 ; S08EP4

Во најновото издание на Герила Радио гостува Јордан Костов музичар пијанист, хармоникаш и продуцент. Со него, Гиле зборуваше за неговиот нов албум и слушаме негова музика. 

——-

#celebratelifepodcast AM 18.03.2024 S5 EP95

„Пролетна состојба на улиците на Скопје. Убави шарени дрвја со бои и цветовите. Мириса на пролет јееее! Повеќе слушавме музика и зборував за паранојата кога мислиш дека си ги изгубил слушалките и колку се битни во јавен превоз. Шо знам класично лабаво утро со добра музика. Мала ретроспектива како пројде неделата и дека е тапа што не можеме да идеме цело време на концерти со up to date бендови и артисти. Исто спомнав дека во недела на 24ти пуштам на денско матине во Ќоше, дојдете на пролетна дружба и фина музика + 30ти роденден на една другарка.

Бидете добри, имајте убава работна недела и да се потсетиме: Само нежно кон себе“, вели indog автор и водител на подкастот.

Слушавме:
1. Gaussian Curve – Winter Sun (LP Winter Sun / Fever Dream 2024).
2. Bas Relief – Cite Your Sources.
3. Ramzi – mille et une nuits.
4. Mount Kimbie – Empty And Silent (feat. King Krule).
5. Yordan Kostov – Andichival.
6. Jacques Greene – Arrow.
7. Bicep – Spring.
8. Bolis Pupul – Completely Half.
9. Cyril Cyril, Meridian Brothers – Diablos de Chuao.
10. Steven Julien – Page 3 (DāM-Funk Re-Freak Mix).

———

Дебели Гикови 14.03.2024 – 20:00 S01E12 – Владимир Битољану, Стрип Книжарница Бункер

„Во секоја емисија Дебелите Гикови носат еден куп стрипови и фигури од Поп Културата и цело време кажуваат Бункер… Бункер… Бункер… И по тој повод гиковите едноставно мораа да го донесат на подкаст човекот кој што е креатор на најпознатата и единствената стрип книжарница во градот – БУНКЕР!

Дебелите Гикови како и секоја епизода така и оваа опфатија интересни теми со Владимир каде што зборуваа за историјата на Бункер, опфатија историја на Македонија и Југославија, убавината на стриповите, теми поврзани со Поп културата и многу многу повеќе“, велат Марио и Огнен авторите и водителите на подкастот.

——

Издиши се Четврток 14.03.2024 – S02EP7 – 19:00

Темата на седмата епиозда од втората сезона на подкастот „Издиши се”, се однесува на емоциите и емоционалната интелигенција.
Водителката Симона Паскоска со гостинот Бојан Ѓорѓиоски кој е лиценциран психолог, разговараат за изразувањето на емоциите и нивната важност во нашите животи.

Преку едукативниот разговор, водителката и гостинот истакнуваат насоки и препораки за тоа како правилно да се управува со емоциите и колку е важно да се поседува емоционалната интелигенција.

——-

Иди Шетај – Среда 13.03.2024 S01EP04 – 21:00

„Марио Шаревски, истражувач, организатор, планинар, велосипедист.. несекојдневен вљубеник, голем промотор и поддржувач на Македонија. За себе кажува дека премногу ја сака својата држава и дека тоа го мотивира да работи и да создава. Како започнуваат неговите патешествија по враќањето од студии во Чешка и како стапувањето во врска ПК Трансферзалец и Зоран Костадинов – Москито, но и други луѓе влијаат во неговиот живот и желба за запознавање и промоција на Македонија“, вели водителот и автор на подкастот Воислав.

Со него, Воислав зборува за неговите 12 врвови, Првата македонска трансферзала, вело–патешествијата, создавањето книги и преведувањето, но и уште многу повеќе.

———

Филмофилос – Филмот и книжевноста S1EP6 – 11.03.2024 – 21:00

„Во оваа 6та епизода на подкастот Филмофилос преку разговор со Александар Маџаровски – Читачот, ќе дискутираме кој е односот помеѓу филмот и книжевноста. Дали можеби една од уметностите е посупериорна од другата? Низа на филмски остварувања и адаптации ќе бидат тема на нашата дискусија. За најверните слушатели препорачуваме да ги уловат многубројните книги и филмови споменати во видеото.“ – Велат Максим и Елена водителите на подкастот Филмофилос
———

ДРАГичка 11.03.2024 S01EP7 – Електра Блосом 20:00

Кажете ДРАГичка, за 7мата епизода. Водителката Дариа Бафи разговара со новата енергична и електрична кралица Електра Блосом за нејзините почетоци, и драг персонa.

———

#celebratelifepodcast AM 11.03.2024 S5 EP94

Темно утро низ улиците на Скопје. Пролетта полека надзира и пополека се будат дрвјата, боите и цветовите, едвај ја чекам да пристигне. Ме искинаа алергии се осеќа во гласот и на нос. За малку ќе ме бапнеше самовила на тротинет утрово на пешачка патека па зборував дека е скроз невоспитано како се однесуваат овие наши сограѓани. Спомнав дека имало оскари ама дека не сум гледал :) Мала ретроспектива како пројде неделата и како си пројдов пуштајќи плочи во неделата на сонце во Бистро Комедија. Спомнав дека пројдоа 13 години од албумот на ЛД Пистолеро и дека ми спомна викендов дека неговиот нов албум се микса… малку емотивен момент за Скопје и крајот на епизодата со Македонска музика. Бидете добри, имајте убава работна недела и да се потсетиме: Само нежно кон себе! – вели indog.

Слушавме:
1. Dizzy Gillespie – A Night In Tunesia
2. Erika de Casier – Test It.
3. John Glacier – Emotions.
4. Erika de Casier – Twice feat. Blood Orange.
5. Arlo Parks – Hope.
6. Ezra Collective; Sampa The Great; Joy Anonymous – JOY (Life Goes On).
7. No Regular Play – Derecha.
8. Kid Cudi – EVERYBODY LIKE (feat. Pusha T).
9. Jovonn – Perks.
10. LD Pistolero – Deca na tranzicija.
11. Strajk – Nema Laga.
12. Xaxaxa – Indie = Independent, Fan = Fanatic.

——-

Дебели Гикови 07.03.2024 – 20:00 S01E11 – Игор Јовчевски од Стрип Квадрат

11та епизода на подкастот „Дебели Гикови“ вечерва премиерно на јутјуб каналот Radio MOF во 20 часот.

„Многу стрип… Многу Каунтри музика… И нормално многу добри муабети и забава и оваа недела со Дебелите Гикови Марио и Огнен!
Како и секоја недела, така и оваа во студиото Гиковите имаа еден многу интересен гостин кој што е доста познат на Македонската стрип цена, креатор на многу стрипови, и човекот со најдобриот Каунтри стил со години – Игор Јовчевски.

Дебелите Гикови ако и секоја епизода така и оваа ги опфатија раните почетоци на гостите, добивме многу информации на што има работено Игор, кои му се омилени прокети, Стрип Квадрат, Стрип Трип и многу други работи“, велат Марио и Огнен авторите и водителите на подкастот.

——

Збор звук сила со Гето Руди 07.03.2024 S02E05 19:00

Петтото издание на „Збор звук сила“ (Word Sound & Power). Слушаме музика од култниот реге бенд „Морган Херитиџ“ (Morgan Heritage), еден од творците на модерниот реге звук, и оддаваме почит на прерано починатиот пејач и фронтмен на овој бент – Питер Морган.

Уживајте во реге и даб со Регесаурус Гето Руди на Радио МОФ! 🌴🇲🇱🎶🇯🇲

——-

Иди Шетај – Среда 06.03.2024 S01EP03 – 21:00

„Мано Ставревски – уникатен татко, незапирлив планинар и голем промотер на Македонија како водич на туристи од германско јазично говорно подрачје. За да се почитува природата и се’ она што таа го има и нуди, во основа треба да се сака и негува државата во која се живее“, вели авторот и водител на подкастот, Воислав.

———

„Да се запознаеме подобро“ – Вторник 05.03.2024 S01EP01 – 20:00

„Караван на мудроста: Откривање на основите на ромската заедница“.

——-

#celebratelifepodcast AM 04.03.2024 S5 EP93

“Во 93-тата епизода од сезона 5 имав чест да разговарам со Синиша Евтимов најпродаваниот хит-мејкер и театарски режисер во 21-век кај нас.

Со Синиша зборувавме за неговите почетоци, неговата плодна кариера, што го инспирира, светот денеска и човечката еволуцуија, а сепак ни се дешава ужас во светот и околу нас, како да се биде уметник и што и да значи зборот уметност, златната ера на clubbing-от во Скопје, Скопје, Свирењето гитара и продуцирање музика и за работите што ни се случуваат Овде и сега како и некои препораки што да се слушне и види“, вели indog.

Уживајте.

——-

Дебели Гикови 29.02.2024 – 20:00 S01E10 – Никола Темков од Стрип Квадрат + Многу Вести

„Златна десетка! Дебелите Гикови Марио и Огнен официјално ја достигнаа златната десетка од нивниот подкаст со толку успешно снимени прекрасни епизоди! А нормално со специјална јубилејна епизода мора да на гости да имаат и специјален гостин.
Оваа недела Дебелите Гикови на гости го имаа Никола Темков од Издавачката Стрип Куќа “Стрип Квадрат”. Многу успешен цртач кој сме го виделе да работи дела и за домашен, но и за странски пазар!
Сепак Дебелите Гикови зад себе имаа една многу интересна недела каде што излегоа многу нови и уникатни вести и информации поврзани со филмови, серии и игри… Посветија доста внимание на играта Skull and Bones, новата серија Shogun на Amazon Prime и новата серија на Нетфликс – Avatar: The Last Airbander“, велат Марио и Огнен авторите и водителите на подкастот.

——-

Издиши се Четврток 29.02.2024 S02EP06 – 19:00

Темата на шестата епиозда од втората сезона на подкастот „Издиши се”, се однесувана врсничкото насилство.

Водителката Симона Паскоска со гостинката Тиана Ивановска која е лиценциранпсихолог и психотерапевт, разговараат за врсничкото насилство кое е многу честа појава во нашето општество .

Преку едукативниот разговор, водителката и гостинката истакнуваат насоки и препораки за тоа кој е првиот чекор кој треба да се преземе кога некој е жртва на врсничко насилство и како да се постапува во иднина со цел полесно надминување на целата ситуација.

———

Иди Шетај – 28.02.2024 S01EP02 – 21:00

Втора епизода на подкастот „Иди Шетај“ во која гостува Зоран Јаневски.

„Патешествени разговори за нас и природата, за сите ентузијасти кои сакаат своето време да го минуваат на отворено и имаат аватуристички животен стил.. со еден и единствен Зоран Јаневски – велешанец по извод, широка душа со спортски дух, страстен велосипедист и планинар, љубител и уживател на природата, особено на велешкиот регион. Организатор на Азот, Питијада, на ‘Honeyland-tour’, но и на многу други. Едногласно избран за претседател на македонската асоцијација на планински велосипедисти“, вели авторот и водител на подкастот Воислав.

——-

Филмофилос – Религија и филм S1EP5 – 26.02.2024 – 21:00

„Во оваа епизода со нашиот гостин теологот Стефан Цветановски воведуваме трета перспектива во нашите анализи: религијата. Кои се филмовите инспирирани од религиски приказни, мотиви и симболи? Особено ќе дискутираме која е посебната врска помеѓу фантазијата и филмот, со особен осврт на филмови и серии од популарната култура: „Господарот на Прстените“, „Игра на престолите“ и сл.“ – Велат Максим и Елена водителите на подкастот Филмофилос

—-

ДРАГичка 26.02.2024 S01EP6 – Естела Дарк 20:00

Кажете ДРАГичка, за 6тата епизода. Водителката Дариа Бафи разговара со кралицата на темината Естела Дарк за нејзините почетоци, и драг персонa.
Baiiiiiii 💅

—–

#celebratelifepodcast AM 26.02.2024 S5 EP92

“Сончево утро низ улиците на Скопје. Пролетта полека надзира и пополека се будат дрвјата, боите и цветовите. Мала ретроспектива како пројде неделата и како си пројдов пуштајќи плочи во средата во Бистро Комедија на нивниот pasta special day. Слушаме плочи оваа среда повторно таму, дојдете.

Имавме прилика да слушнеме и нова песна од КЕМ. Зборував дека Марче и Емир малку цапнале во реге на оваа песна и дека го очекуваме нивниот албум :) Исто така спомнав за DIY фестивалот на Гола Планина – Сепак се врти на 03.03.2024.

Слушавме спора и нежна музика како за почеток на ден.

1. Flug 8 – Puerto Rico (The Velvet Circle Mix) (Velvet Desert Music Vol 3 2023).
2. Pablo Bolivar & Mind Groove – Other Memories (Album Dream Sequence 2022).
3. DJ KOZE – 16 Drone me up, Flashy (feat. Sophia Kennedy) (Album KNOCK KNOCK 2018).
4. serpentwithfeet – Lucky Me (Album GRIP 2024).
5. Tomaga – A Perspective With No End (Album The Shape of the Dance 2016).
6. КЕМ – Кафе.
7. Ruf Dug x Private Joy – Don’t Give In (Street Soul Vocal) (2022).
8. Little Simz – Fever (Album Drop 7 2024).
9. Carl Craig – At Les (Russ Gabriel rework) (Further Adventures In Techno 1998).
10. Soul Clap, Ebony Houston – Something In My Heart (2024).
11. Sunday Brunch – No Resistance (Album Sunday Brunch – No Resistance 2002).
12. Unkown Artist – Untitled A1 (Three vinyl for slow house 2008).

Држете се, да бидеме по фини и љубезни кон останатите и само нежно кон себе” ♡✧˚ ༘ ⋆。♡˚. – вели indog

———
Дебели Гикови 22.02.2024 S01E09 – Здравко Гиров од МакСтрипови 20:00

После недела дена мала пауза Дебелите Гикови Марио и Огнен официјално се вратија во Студио! И нормално… повторно во студиото се вратија со Пица во крупен кадар!
Но не се вратија само со Пица, се вратија и со еден многу добар гостин! Во новата епизода дебелите гикови на гости го имаа Здравко Гиров од МакСтрипови! Цртач, Илустратор, Аниматор и буквално човек од кој што може да се научат многу работи!
Муабетот зо Здравко никогаш не може да запре бидејќи човекот е енциклопедија, па затоа и ова е првата епизода од Подкастот која што го прекрши времето од 2 часа траење! Велат Огнен и Марио.

Уживајте во Дебели Гикови

———-

Збор звук сила со Гето Руди 22.02.2024 S02E03 19:00

Четвртото издание на „Збор звук сила“ (Word Sound & Power) слушаме новитети од француската и словенечката реге сцена. А секако ќе појдеме и до Јамајка за да преслушаме малку музика и од островот каде што е измислена реге музиката. Уживајте во реге и даб со Регесаурус Гето Руди на Радио МОФ! 🌴🇲🇱🎶🇯🇲

—-

„Иди шетај“ S01EP1 – 21.02.2024 – Дуле Петрушевски – Шулц – 21:00
Нов подкаст во етерот на Радио Моф.

„Иди шетај“ – Талкачки разговори за нас и природата, за сите ентузијасти кои сакаат своето време да го минуваат на отворено, совети и насоки за аватуристички животен стил… А прв гостин – Дуле Петрушевски – Шулц, Ѓорчевец во душа, ко-основач и прв претседател на ПК Македон, Титов Врв Скајрејс и уште многу повеќе.

Ве очекуваме да ги слушнете инетересните занимливости од неговиот живот и искуство, како и совети и можности за сите ❤ вели Воислав авторот и водител на овој подкаст.

——-

Јас Сум Цако S9 EP4 – 21.02.2024 20:00

Во новата емисија има одлични гости кои говорат за музиката како и за книжевноста. Со нас вечерва ќе бидат Марко Марк и д-р Весна Дамчевска Илиевска. Уживајте во ова епизода вели Цако.

——-

Хип Хоп Манија 21.02.2024 S09EP3 18:00

✌Во третата епизода од деветтата сезона на емисијата Хип Хоп манија со Дино Бесниот Витез го преслушуваме Ice t O.G!🎧

——-

#celebratelifepodcast AM 19.02.2024 – S5 EP91
Понеделнички 19.02.2024 нова епизода во живо на АМ шоу и 91тата епизода во 5тата сезона на #celebratelifepodcast 🤘

Сончево утро низ улиците на Скопје. Мала ретроспектива како пројде неделата и како си пројдов пуштајќи плочи во средата во Бистро Комедија и колку убаво проаѓам пуштајќи ги плочите што ги сакам таму. Слушавме спора и нежна музика како за почеток на ден. Имав мал вентинг во етер кон поштата и надеж дека побрзо ќе си ги земам заглавените плочи :( ПОМОШ!!!! Спомнав за убави спомени со некои луѓе по повод винилот на Luomo и општи АМ муабети :) Држете се, да бидеме по фини и љубезни кон останатите и само нежно кон себе ♡✧˚ ༘ ⋆。♡˚ вели indog.

Слушавме:
1. Niecy Blues – 1111.
2. Sten – The Essence (Earthshine Mix).
3. The Mole – Interlude To Love.
4. Funkstörung Featuring Jay-Jay Johanson – I Want Some Fun.
5. Kyle Hall – Postcard To Another Planet.
6. Chromeo – You’re So Gangsta (Playgroup Instrumental).
7. Andrew Weatherall – Feathers.
8. Silicone Soul – The All Nite Dub.
9. LCD Soundsystem – Beat Connection (Edit).
10. Swayzak Featuring Clair Dietrich – Make Up Your Mind.

——-

Издиши се SЕ02EP05 – 15.02.2024 – 19:00 – Како да ја зголемите вашата самодоверба.

Темата на петтата епиозда од втората сезона на подкастот „Издиши се”, се однесува на самодовербата.

Водителката Симона Паскоска со гостинката Ангела Богдановска која е лиценциран психолог, се обидуваат да објаснат што претставува самодовербата и колку е таа важна во нашите животи.

Преку едукативниот разговор, водителката и гостинката истакнуваат насоки и препораки како да се одржи самодовербата и самопочитта на повисоко ниво и како да се управува со неа.

Исто така, Симона во подкастот објаснува за можностите на онлајн платформата Разговор.мк.

——-

„Прашај Паталец не Гаталец” 13.02.2024 S1EP2 – 20:00

Сте размислиле ли како може еден професор да има добро влијание врз учениците? Како навистина да им го пренесе знаењето, и што е разликата меѓу стравопочит и почит која професорот сам ја заслужува кај учениците 🤔?
Ова се дел од прашањата кои што Влатко и Ана ги зборуваат со нивниот гостин во новата епизода на Прашај Паталец не Гаталец.

За потребата од познавање повеќе странски јазици, меки вештини, студирање во Виена, волонтерство може да слушнете од Професорот Гери. 👨‍🏫📚

———

‘Филмофилос’ – S1EP4 – 12.02.2024 – 21:00

Во 4тата епизода на подкастот Филмофилос Максим и Елена со Нивниот гостин Дарко Јованов разговараат за: Митот за Суперхеројот

Дарко ќе нè почести со неговите неисцрпни познавања за франшизата на Марвел и ДиСи. Се впуштивме во дискусија за почетоците на создавањето на модерниот суперхерој; споредбата со античките херои и улогата на суперхеројот во денешницата. Темата инспирираше дополнителни прашања и потпрашања (и потенцијално одговори?) велат тие.

—-

ДРАГичка 12.02.2024 S01EP5 – Фенди Мама 20:00

Кажете ДРАГичка, за петата епизода. Водителката Дариа Бафи разговара со Фенди Мама за нејзиниот почеток, карактерот на нејзината персонa. Вклучете се во 20:00 на www.radiomof.mk/radio или на линкот до аудио-подкастот на стори.
Baiiiiiii 💅

—-

Герила радио – 12.02.2024 18:00

Во последното издание на Герила Радио гостува писателот, радио водител и критичар Игор Анѓелков.

Со него, Гиле зборуваше за книжевноста, домашната и светската музичка сцена, за неговите радио и телевизиски емисии на Канал 103, Равел и Филмополис на ТВ Телма, како и за неговиот ангажман како селектор на филмскиот фестивал Киненова.

————

#celebratelifepodcast – indog – АМ шоу 12.02.2024 S5EP90🤘

Зборував како брзо пројде викендот, како си пројдов во средата во Бистро Комедија пуштајќи плочи на нивниот нов концепт со храна и вино. Спомнав дека не сме сами на Валентајн и дека секогаш се имаме себе, а еве и мене ќе пуштам плочи оваа среда од 21:00 повторно во Бистро Комедија па дојдете да прославиме 🙂 Откажаната турнеја на James Blake во 2020. Обично не коментирам дневно политички теми бидејќи доволно е тешко и без политиката ама документите некако беа ептен присутни утрово на интернет па ги спомнав и нив 🙂 Зборував исто дека викендите треба да траат подолго како и убави промени од некои драги луѓе и да бидеме по фини и љубезни кон останатите. Супер беше сабајлечки исто на chat што разменивме утрински пораки вели indog.

Слушавме:

1. Krumville – Oneohtrix point never.
2. Mica Levi – Blue Shit.
3. Sampha – Plastic 100C.
4. Snoh Aalegra – Worse.
5. Jorja Smith – Little things.
6. James Blake (feat Moses Sumney & Metro Boomin) – Tell Them.
7. Neil Frances – Dancing.
8. Marshall Jefferson, Curtis McClain – Mission.
9. Jorkes – Hot.

———-

Дебели Гикови 08.02.2024 S01E08 – Гораст Цветковски – Гејмингот во Македонија

Во осмата епизода на подкастот гостува Гораст Цветковски од GG.mk.

„Во денешно време да си Гик и Нрд, па дури и фанатик на Поп Културата и целата таа Субкултура е едноставно магично! Кога ќе сфатиш дека се е споено во едно, стриповите, гејмингот, музиката, книгите, филмовите, сериите и се останато, како можеш да одолееш а да не се впуштиш во сето ова патешествие?!

Дебелите Гикови Марио и Огнен овој пат на гости го имаа Гораст Цветковски Актер, Водител, Стенд-Ап Комичар и Гејмер!

На Гораст најпознатата реченица меѓу овие кругови е “Јас сум најдобриот гејмер меѓу актерите, и најдобриот Актер меѓу гејмерите”. За која што Дебелите Гикови Велат дека ја потврдил и докажал во новата епизода.

Дебелите Гикови, кој што еден од нив му е и колега во бизнисот и движењето опфатија огормен број на теми како што е уметноста со театарот, а нормално и целото движење со GG.MK и Гејмингот во Македонија! Гораст дојде со страв дека ќе збори за стрипови и филмови, а душата му се наполни кога слушна дека ќе се збори за Гејминг!“, велат Дебелите Гикови.

———

Збор звук сила со Гето Руди 08.06.2024 S02E03 19:00

Во првото февруарско издание на ЗБОР ЗВУК СИЛА (Word Sound & Power) го одбележуваме 79-тиот роденден на легендата на реге-музиката – Боб Марли. Слушаме музика од него, од неговите синови и од неговите внуци! А Регесаурус Гето Руди ни зборува за вистините и невистините околу животот на Марли и Марлиевци… 🌴🇲🇱🎶🇯🇲

———

„Големите мисли на малиот мозок„ – S01EP01 – 07.02.2024

Иднината беше подобра вчера. Се чини вчера бевме сигурни дека ќе се будиме во свет што е демократски, либерален, капиталистички, отворен, слободен… а сега ги преиспитуваме сите овие концепти и што всушност значат тие за нас на фундаментално ниво како источни, западни или Европски општества. Кризата на модерниот либерализам – иднина за која не е сигурно дека ќе биде демократска и либерална, а и треба ли да биде?

Гостин на Афродита во подкастот е Кристијан Фидановски. Докторант по социјални политики на универзитетот Оксфорд, каде ги проучува политиките за стимулирање на наталитетот на Балканот и во источна Европа. Кристијан има магистрирано политички науки и источноевропски студии на универзитетот Џорџтаун во Вашингтон, а има дипломирано во истата област на Универзитетскиот колеџ Лондон (UCL).

Доколку ве интересира подлабоко да навлезете во оваа тема, ви ја препорачуваме книгата The Light that Failed: A Reckoning, 2019. Автори: Ivan Krastev, Stephen Holmes

——-

„What’s Youth Got to Do With it?” – 06.02.2024 S01EP01

Водителката Адора ги отвара прашањата за „Како изгледа иднината? Новата технологија, вештачката интелигенција и економските можности за младите“.

*подкастот е на Англиски јазик.

———

#celebratelifepodcast АМ шоу – indog 05.02.2024 – S5 EP89

Добродојдовте назад во понеделник и во новата 89 епизода.
Како што ја започнуваме неделата, ајде да размислиме за викендот што штотуку помина. Лично, мојот викенд беше исполнет ептен и супер се забављав. Малку ми беше тапа дека на Греми наградите SZA не освои :)

Утрово, сепак, морам да признаам, не се чувствував особено зборлест. Но, тука ќе се повикам на старата поговорка за музиката – таа има начин да зборува кога зборовите не успеваат. Така да утрово решив да дозволам музиката да зборува повеќе од мене :) Понекогаш, сè што ви треба е вистинската мелодија за да ви го подигне расположението и да го постави тонот за денот што претстои. 🎶

Слушавме некои фантастични музики како и секогаш!

1. La Finca – What Clouds Say (Original Mix).
2. Steffi – Pip (Original Mix).
3. Kontrast – Grey Skies To Blue.
4. Slave Dimitrov – Makedonija Forever.
5. Rib – 3P.
6. Oasis – Supersonic.
7. Swayzak – My House.
8. Puca Cerep – Црно светло.
9. Jurgen Paape – Fruity Loops #2.

———

Дебели Гикови – Војдан Paragons Comics 01.02.2024 S01 EP7 – 20:00

Поп Културата цело време расте и се шири, па затоа Дебелите Гикови полека се враќаат на здрава исхрана, сакаат малку да се смалат. Но движењето никогаш нема да запре! Дебелите Гикови Марио и Огнен на гости во оваа епизода го имаат Војдан Андонов, основачот на новата и младата Стрип Заедница во Македонија – Paragons Comics. Денес на овој прекрасен ден (01.02.2024) заедницата слави една година постоење, и едноставно дебелите гикови мораа да прослават со сниање на една спцијална епизода во нивна чест!
Дополнително се опфатија многу новости од делот на Поп Културата како например која е прекрасната глумица која ќе биде новата Super Girl, 70.000 отупштања од гејминг индустриајта за само еден месец, како е да се ужива во Tekken 8 и многу повеќе!
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН PARAGONS COMICS!

Уживајте во Дебели Гикови
Секоја недeла нова епизода на YouTube Каналот на Радио МОФ

——-

Филмофилос- S1EP3 Перфекционизам – 29.01.2024

Често слушаме за перфекционизам и неретко си кажуваме дека сме перфекционисти. Сепак, што всушност значи поимот; кој тип однесување можеме да го дефинираме како перфекционистичко и од каде потекнува тоа чезнеење кон перфекција? Низ ликовите на Нина (Black Swan, 2010) и Ендру (Whiplash, 2014) ќе понудиме толкување и анализа и ќе откриеме што се случува кога перфекциознизмот ја доведува личноста кон екстреми.

——-

ДРАГичка S01EP5 – Дејан Сламков 29.01.2024

Во новата епизода на ДРАГичка гостин е нашиот ДЈ Дејан Сламков познат по најдобрите забави во Скопје. Водителката Дариа Бафи со Дејан направија ретроспектива за 2023 година и дискутираа за сите настани во текот на годината.

____

Guerilla Radio S08EP2 – 29.01.2024

Во новата епизода на Guerilla Radio. Гостин на Гиле му е Кире Мирчовски виртуоз гитарист со кого разговараа за албумот INSANUS, за почетоците на Кире. Rock & roll животот како автор и соработката со други артисти! 🤘

———

#celebratelifepodcast indog X Fitz aka Feetz 29.01.2024 S5 EP88, 10:00

Во 88 епизода indog разговара со Fitz aka Feetz – The Beginnings/Новиот почеток, Blackstate. Слушнете за почетоците во раните 2000-ти и искуството кон издавање на 6 свои и туѓи албуми на наше тло. За истрајноста во работата и DIY естетиката, социјалниот ангажман присутен во текстовите, искуството на турнеја и патување со комбе низ Европа, значењето на локалната сцена и фестивалот Земјотрес што годинава ќе го оддржи своето 12то издание, дизајнот и реалноста во светот денес. Уживајте во разговорот!

——-

Дебели Гикови 25.01.2024 – S01E06 – Давид од Comics.mk – Tekken 8 Турнир, Оскари, Дебати и Пица

Минатата недела мразот беше скршен во Студиото на Радио МОФ и на подкастот на Дебелите Гикови со тоа што беше првиот гостин. Но после секој прв мора да има и втор гостин. Овој пат Дебелите Гикови Марио и Огнен имаа голема чест како Гостин да го имаат Давид Ристовски, креаторот на најголемиот медиум на Социјалните Мрежи за Поп Култура – COMICS.MK
Со Давид Гиковите збореа за многу новости кои се случија во текот на неделата, се зборeше и за историјатот на Comics.mk. Најголемиот дел се посвети на муабет Оскарите за оваа година каде што сите даваа свои мислења.
Уживајте во Дебели Гикови.
Секоја недела нова епизода на YouTube Каналот на Радио МОФ

____

Издиши се 25.01.2024 – S02EP04 – Стрес, анксиозност, депресија-како да се пронајде светлината на крајот од тунелот?

Темата на четвртата епиозда од втората сезона на подкастот „Издиши се”, се однесува на стресот, анксиозноста и депресијата.
Водителката Симона Паскоска со гостинот Фики Гаспар кој е лиценциран психолог, се обидуваат да ги дефинираат овие состојби и преку секојдневни примери да ги доближат до слушателите.
Преку едукативниот разговор, водителката и гостинот истакнуваат насоки и препораки како ваквите состојби успешно да се менаџираат со цел да не влијаат целосно врз нашето секојдневие.

___

Збор звук сила со Гето Руди 25.01.2024 S02E02 19:00

Второто издание од втората сезона на „Збор звук сила“ (Word Sound & Power) 🟢🟡🔴
Секој втор четврток во месецот и слушајте квалитетни реге вибрации!

____

Your Financial Couch – Семејни финансии 24.01.2024 21:00

Нова епизода на темата: Како до поздрава финансиска состојба? Како да се градат здрави семејни финансиски навики? Родителите се пример за своите деца и кога станува збор за управување со парите. Ајде да видиме што претставуваат парите за семејството.

____

Јас Сум Цако S9 EP2 – 24.01.2024 20:00


Во новата епизода на Јас Сум Цако гостува Стојан Трпчевски новинар во МРТ и воедно е автор на емисијата дипломатија и бизнис. Цако вели дека неговата приказна е посебна.
___

Хип Хоп Манија со Бесниот Витез S9EP2 – 24.01.2024

Во втората епизода од деветтата сезона на емисијата Хип Хоп манија го преслушуваме албумот A Pink Friday 2 петиот студиски албум на Nicki Minaj.
___

„Прашај Паталец не Гаталец” 23.01.2024 – S1EP1 – 20:00

Во оваа прва пилот епизода на подкастот „Прашај Паталец не Гаталец” гостува Лука Павиќевиќ кој е поранешен претседател на Сојузот на Средношколци. Тој го раскажа неговиот пат и како тој во моментов е студент на највисоко рангираниот факултет во светот – “Харвард”. Преку неговите искуства и успеси ќе дознаете и ќе научите многу работи кои ќе ви бидат од полза доколку сакате своето образование да го продолжите надвор од нашата држава.

___

#celebratelifepodcast АМ шоу – X indog 22.01.2024 S5 EP87

Понеделнички сончево утро исполнето со чист воздух. Тажното е што денес престана да вози јавниот превоз. Во мал и загаден град и те како е битно да се форсира користење на јавен превоз, а не да престане тој да функционира. Да се надеваме дека во текот на денот ќе има некаква промена околу ова. Оваа епизода зборував за Френк Синатра, и неговите искрени текстови како ја доловува суштината на сеќавањето на различните фази од животот, прикажувајќи го одминувањето на времето и емоциите поврзани со секоја возраст како и напуштањето на Marlena Shaw. Kако си пројдов пуштајќи плочи во четвртокот во Short Bus, концертот на Светлост, новата платформа Силата ЕУ младите и издавањето на новата винилна поп компилација со младите артисти. Слушавме екслузивно за прв пат во етер неиздадена песна на ПМГ – 70ти која што емотивно го претскажува овој период. 

Слушавме и: 
1. Marlena Shaw – Woman of the Ghetto.
2. Frank Sinatra – It Was A Very Good Year.
3. Dina Jashari – Boi.
4. United Future Organization – Stolen Moments (Our Enchanted demo).
5. The Flair & Dave Morrissey Jr. – So Far.
6. PMG – 70Ti (Radio Edit unreleased).
7. AudioCigla – Elektro Momak.
8. Damiano von Erckert – Sometimes It’s Like That, No?
9. JORDAN GCZ – Why so serious.

Се надевам дека бевме добро друштво утрово и се слушаме нареден понеделник! 

Бидете добро.

——-

Дебели Гикови S01E05 – Давор Драмиканин од Макстрипови – Новата Стрип Школа за Младинци и Средношколци – 18.01.2024 – 20:00

Официјално Дебелите Гикови Марио и Огнен во нивниот подкаст го имаа првиот гостин, Давор Драмиканин. Во Македонските стрип кругови Давор е многу познат и од фанови, и од уметници и од читатели и од буквално сите. Креатор е на голем број Македонски стрипови, но можеби најпознат е по креирање на првиот Македонски супер Херој “Ајвармен”. Со Давор, гиковите направија една огромна ретроспектива на Македонската стрип сцена и цело време се преместуваа во модерното време, но и едно добри 30 години назад кога Македонската стрип сцена започнувала. Воглавно Давор Драмиканин беше гостин во “Дебели Гикови” со една главна причина. Во Скопје пред крајот на јануари започнува новата Стрип Школа која што е наменета за Младинците и Средношколците! Секој кој што сака да биде дел од стрип школата ќе може да се пријави на листата за учество. Стрип школата ќе се одржува секоја сабота започнувајќи од 27ми јануари. Секоја сабота од 12:00h во Младинскиот Културен Центар (МКЦ) младите ќе можат секоја недела до мај месец да пристуствуваат на околу 12 часовна школа. Во стрип школата младите ќе научат многу работи за стрипот и уметноста…
А мал спојлер што ќе ви направиме уште сега… Има голема шанса дека вашите финални дела ќе се појават на следниот Стрип Трип фестивал ова лето!

Уживајте во Дебели Гикови
Секоја недела нова епизода на YouTube Каналот на Радио МОФ
И нормално најголема благодарност на Радио МОФ за неизмерната подршка која што ни ја нудат!
___

Your Financial Coach Book Club

___

„Збор звук сила“ – Гето Руди S02 EP1 – 18.01.2024 – 19:00

Во премиерното издание од втората сезона на „Збор звук сила“ (Word Sound & Power) Регесаурус Гето Руди ни презентира хитови од осумдесеттите години, па сè до денес.
Слушаме реге и степерс кој доаѓа од Јамајка, Англија, Франција и Италија, а се разбира посветуваме внимание и на македонска реге сцена.
Бидете на виртуелната фреквенција на Радио МОФ во 19 часот секој втор четврток во месецот и слушајте квалитетни реге вибрации!

___

Your Financial Couch – Лошите уверувања за парите

Толкување финансиски термини со Христијан Пејовски, инвестициски советник и експерт во областа на личните финансии кој долги години дејствува во финансискиот свет и пазарите на капитал.

___

Филмофилос – Депресија S01EP02 – 16.01.2024

Многубројни обиди се направени да се претстави оваа психолошка состојба на филмското платно, но според нас две серии ја доловуваат во одлична мера: американската серија „Боџек Хорсмен“ (2014) и британската серија „Флибег“ (2016). Следете нè денес додека отворено разговараме за депресијата од психолошки и филозофски аспект како и кратка анализа на главните ликови од сериите.

———

ДРАГичка – Tia Doll EP03 S01 – 15.01.24 20:00

She is here and she is queer!
Кажете ДРАГичка, за третата епизода, и прва во новата година каде што ни гостуваше нашата една и единствена Тиа Дол. Водителката Дариа Бафи разговара со нејзе за нејзиниот почеток, интересни случки и спомени од минатите настани.

——-

#celebratelifepodcast АМ шоу – Blue Monday X indog 15.01.2024 S5 EP86

Blue Monday или Синиот понеделник, е ден во јануари кој често се означува како трет понеделник во месецот, се смета за најдепресивниот ден во годината. Во Скопје на него се повикуваме секој понеделник по викенд триумф над животот и радоста . И покрај тоа што овој ден е означен и се зборува како ужасен ден, шоуто не го одрази тоа, признавајќи дека тагата и депресијата се составен дел од животот, а емоциите се тие што не треба да се задушуваат. За оние кои секојдневно се соочуваат со овие состојби; не сте сами .

Слушавме:

1. Peace – River Tiber
2. Dark Side – Metatron
3. Nicolas Jaar – A Time For Us
4. Theo Parrish – Free my self
5. Kevin Abstract – Georgia
6. LCD Soundsystem – American Dream
7. Mac Miller – Objects in the mirror
8. Solange – Junie
9. Seven davis jr – wanna find out
10. Franco Cinelli, Bs as deep reinerpretation – Unum festival
11. Franck Roger – Ekobah (Main Mix)
12. Blaze Pres. UDAUFL Feat. Barbara Tucker – Most Precious Love (Dennis Ferrer’s Future 3000 Mix)
13. New order – Blue monday

Благодарност за одвоеното време, слушајќи ја епизодата и музиката. Културата е важна, тоа веќе го знаете .

И да се потсетиме: Само нежно кон себе!

——-

Дебели Гикови S01E04 – Golden Globes 2024 – 11.01.2024 – 21:00

Дебелите Гикови Марио и Огнен се вратија од зимскиот распуст во студиото каде што живее и се слави Поп Културата од страна на нрдовите и најјаките фаци на светот со многу новости! И овој пат студиото мирисаше и блескаше од убавината на стриповите и пластичните фигури на кои што се палат сите!

За жал во оваа епизода беше малку посна, немаше мрсење со пица или некоја друга брза храна, но… има голема шанса следната епизода да биде исполнета со многу кебапи и студиото да мириса на скара за први мај!

Гиковите ги опфатија сите новости кои што распукаа уште на самиот почеток од годината за тоа кои се новите филмови и серии што ќе се прават, нови актери во култни проекти и многу повеќе.
Но главната тематика сепак беше Golden Globes 2024

____

Издиши се S02EP03 – Влијанието на музиката врз менталното здравје. Четврток 12.12.2023 – 19:00

Темата на третата епиозда од втората сезона на подкастот „Издиши се”, се однесува на влијанието на музиката врз менталното здравје

Водителката Симона Паскоска со гостинот Никола Дукоски кој е лиценциран психолог, се обидуваат да ги дефинираат сите начини преку кои музиката влијае врз нас и нашето секојдневие.

Преку едукативниот разговор, водителката и гостинот истакнуваат насоки и препораки како правилно да се користи музиката како и музикотерапијата која изминативе години зема голем замав.

Поздрав и се гледаме за брзо!

——

#celebratelifepodcast indog X Јулијана Милутиновиќ 08.01.2024 S5 EP85

Во 85тата епизода на #celebratelifepodcast indog разговара со Јулијана Милутиновиќ мошне препознатлив и уникатен глас на радио, диџејка и автор на неколку музички емисии од кои омилената lounge / chill out на indog, Groove Relation. Јулијана својата радио кариера ја започнува на свои 18 години на некои македонски радио станици во Скопје, а во последните 17 години живее и работи во Нови Сад. Во епизодата можете да слушнете за љубовта кон радиото, музиката, дј настапите, како се чувствува како девојка дј и многу интересни други теми.

Слушнете, уживајте и слушајте музика 🙂

——-

Your Financial Couch – Лошите уверувања за парите

Се она што досега сте размислувале за парите е причината поради која сте на таа финансиска позиција моментално. Затоа ајде да ги видиме 5-те најчести лоши уверувања за парите кои луѓето ги имаат и им се кочница за акумулирање на богатство.

——

Razmrdelica 2023 – PsyFreq 04.01.2023 

 

Првата емисија на PsyFreq за 2024 беше навраќање на музика од 2023.
Селекција-микс на ноќна и футуристичка псајтранс музика за мрдање нозе и мелење мозоци!

——

#celebratelifepodcast indog X Мирко Попов 01.01.2024 S5 EP84

Нова година нова епизода 84 по ред понеделнички започнуваме у ритамот на подкастот.

Гостин e Мирко Попов прилично маркантна фаца за наше поднебје и посветен културен работник изминативе 30 и повеќе години. Со Мирко разговаравме за последното винилно издание на Крај Вардарот Џез сесиите во Аудио култура, скоро 300 изданија на Pmg Recordings од кои 13 винили. Како е да се води музички label, Периодот кој што често јас го зборувам дека Скопје беше Лондон во втората половина на 90ти на кој што често циниците што не беа присутни на тој подиум се потсмеваат. (I’m sorry you weren’t there 😜) Секако го разбиваме и митот на Порано беше боље 🧐 103јка и начинот на размислување. Слободата во општеството и дискриминацијата, комплетната подиумска автономна слободна зона во Метропол и носењето на градот во прогрес. Иднината и нај новиот културен центар во Скопје Лабораториум каде што во петок на 5ти јануари со Мирко по повод промоција на #celebratelifepodcast ќе пуштаме заедно плочи. 🥳

Во 84тата епизода слушаме:
* PMG Колектив – Бернард Панасоник
* PMG Колектив -24 часа (легендарната протестна песна)
* Еден засекогаш омилен џингл од 103јка за Скопје.

Уживајте!

___

Дебели Гикови S01E03 – Најдоброто од 2023 година + Mukbang

Дебелите Гикови Марио и Огнен официјално ја снимија последната епизода од нивниот подкаст за 2023 година на еден специјален начин! Студиото мирисаше на најубавиот мирис на секој гик – Стрипови, но сепак најбитниот дел беше Пицата и пијачката која што беше покриена со трака! Како за последна епизода годината, и специјална со новогодишна тематика, дебелите гикови дојдоа спремни со “Mukbang Епизода”

„Сакаме да се заблагодариме најмногу на сите вас кои што активно не следите, гледате и слушате на било која платформа и уживате во Подкастот Дебели Гикови Сакаме да се заблагодариме најмногу на @radiomof кои што ги препознаа нашите идеи и визии за каков Подкаст фалеше во Македонија! Благодарност до нив кои што целосно не обезбедија со студио, опрема, техничка екипа, греење, ладење, пиење, храна… Иако годината ја завршуваме со само три епизоди, можеме комотно да ви најавиме дека во следнава 2024та ќе ГАЗИМЕ со Подкаст епизоди и останат контент! Уфф што ве чека! Дебелите Гикови се враќаат за брзо време, негде средина на јануари, одма после зимскиот одмор. До тогаш треба да одморат со тоа што ќе се најадат многу руска салата, многу прасечко и јагнешко, и многу кифлици “, велат Дебелите Гикови.

____

Издиши се S02EP02 – Паничните напади и нивното влијание во секојдневниот живот. Четврток 28.12.2023 – 19:00

🗣️ Темата на втората епиозда од втората сезона на подкастот „Издиши се”, се однесува на Паничните напади и нивното влијание во секојдневниот живот.

Водителката Симона Паскоска со гостинот Стефан Стојановски кој е психолог, се обидуваат да ги дефинираат паничните напади и преку секојдневни примери да ги доближат до слушателите.

Преку едукативниот разговор, водителката и гостинот истакнуваат насоки и препораки како да се избегнат паничните напади и доколку се појават кои чекори треба да се преземат за да не влијаат целосно во секојдневните активности.

____

Your Financial Couch 27.12.2023 – Новогодишна подкаст епизода

Како да заштедиме повеке за време на Новогодишните и Божикните празници. Your Financial Coach ви ги честита новогодишните и божикните празници.

___

#celebratelifepodcast indog X Дина Јашари, Лука Тошев 26.12.2023 S5 EP83

Во 83тата епизода во сезона 5 гости ми беа Дина Јашари и Лука Тошев или Дина Јашари и другари :) Зборувавме што значи да си млад автор тука, животот на турнеја, наградата Милан Младеновић, свирењето низ целиот Балкан на разни места и фестивали. Инспирација за музиката, следни изданија и планови, што слушаат периодов и многу интересни други теми.
Уживајте!

_____

Филмофилос S01EP01 – 25.12.2023 21:00

Вовед во двата концепти кои се срцевина на нашиот подкаст: филозофијата на филмот и кинотерапијата. Преку овие дисциплини ќе биде претставен форматот на нашиот подкаст во кој Елена (психолог) и Максим (филозоф/режисер) ќе анализираат најразлични филмски и телевизиски ликови и приказни.

___

ДРАГичка EP02 SE01 – 25.12.2023 20:00

Во втората епизода на подкастот ДРАГичка ни гостува нашата една и единствена Линда Социјалиста, со нејзе разговараме за нејзиниот почеток, интересни случки и спомени од минатите настани. Водителка ни е нашата Дариа Бафи.

___

YOUR FINANCIAL COACH BOOK CLUB: ,,Најбогатиот човек во Вавилон” – Џорџ С. Клејсон – 25.12.2023

Една подкаст епизода ќе посветиме за обработување на книга на месецот. Но секако многу е поубаво кога се чита заедно книги и за таа цел ние го основаме YOUR FINANCIAL COACH BOOK CLUB. Литературно катче во кое ќе ја изразуваме љубовта кон читањето книги, љубовта кон мајчиниот јазик и љубовта кон знаењето кое го добиваме преку читањето книги.

Ама како читањето финансиски книги може да ни помогне да изградиме позитивен Money mindset и да креираме здрави финансиски навики?

_____

Дебели Гикови 20.12.2023 S01E02 – One Piece добива Remake,Историјат на Marvel Comics и What If…

Дебелите Гикови Марио и Огнен овој пат дојдоа со огромен асортиман на стрипови и фигури и го наполнија целото студио со прекрасна сценографија!

Во оваа епизода опфатија информации околу Jonathan Majors и неговото бркање од Marvel Cinematic Universe.

Дознаваме дека познатата серија “Peaky Blinders” добива 2 спин-оф серии, а Games Workshop потпишува договор со Amazon Prime за правење на Warhammer 40K серија.

——-

Јас сум Цако 20.12.2023 – 20:00

Во првата емисија оваа сезона на „Јас сум Цако“,Цако ги отвора темите врзани со професијата стоматолог и односот со лицата со попреченост. Исто така, дигитализацијата на книгите и образованието, размена на младите во Еразмус проектите, како и теми за сексуално образование и родово базирано насилство.
Гостинката во емисијата е Елизабета Ѓоргиевска, првата дама на Република Северна Македонија

—-

Хип Хоп Манија 20.12.2023 – 18:00

На 20 декември прва епизода од 9 сезона од Хип хоп манија, а во него Styles p A Gangster and a Gentleman Хип Хоп манија на радио МОФ

——-

ДРАГичка – Понеделник S1E1 – 18.12.2023 – 20:00

She is here and she is queer!

Кажете ДРАГичка, зашто во 20 часот започнува новиот аудио подкаст на Радио МОФ. Нашата водителка и дрег-кралица Daria Buffy е подготвена да ве воведе во светот на (локалната) драг сцена.

Првата гостинка е локалната дрег-кралица Бела Техника, а со неа ќе разговараме за почетоците, нејзината моментална ситуација и случки од минатото.

Baiiiii

———

Герила Радио – Понеделник 18.12.2023 18:00

Слушнете ја првата епизода на емисијата Guerrilla Radio која ја обработува рок музиката и нејзините подвидови, историјат и биографии на бендови и автори.

Овој пат, гостин е Влатко Митревски – Зајче од ,,Ширшаја”, човек со солидна километража во независната сцена, особено ако се земат предвид сите музички дружби во култното ,,Олд Скул”.

___

#celebratelifepodcast АМ 18.12.2023 S5 EP82

Понеделнички доцнеше ЈСП па доцнев и јас 🙂
Малку динамична епизода. Зборував за екстремното нехумано загадување на Скопје. Колку е битно да се користи јавен превоз, age shame-ing и beauty standards (инспириран од песната на Ladytron). Како си пројдов на 3тиот роденден на Терапија пуштајќи плочи и изложување на неколку дела од мојата последна изложба Во Цут и дискутирав се разбира за прекрасната музика која што ја слушаме во секој подкаст!

Слушавме:

1. Eli Keszler – All the Mornings in the World (album Icons 2021).
2. Luomo – Visitor ( album The Present Lover 2003).
3. Turnstile, BADBADNOTGOOD, Blood Orange – Alien Love Call (EP New Heart Designs 2023).
4. Sampha – Spirit 2.0 (Album Lahai 2023).
5. Dina Jashari – Ne Sum Tvoj Son (2023).
6. Ellen Allien, Apparat – Leave Me Alone (album Orchestra of Bubbles 2006).
7. Ladytron – Seventeen (Album Light & Magic 2004).
8. Zoot Woman – Taken IT All (Album Zoot Woman 2003).
9. Idles – Grace (2023).
10. Kaytranada – Stuntin (feat. Channel Tres) (Lover/Friend 2023).
11. Leon Vynehall – Duofade (2023)

———

Дебели Гикови – “Пилот Епизода – Почетоците и Запознавањето” Четврток 14.12.2023 – 21:00

Во оваа прва, пилот епизода „Почетоците и запознавањето“, ќе се запознаете со Марио и Огнен, двајца млади дечки – фанатици по поп-култура. Ова е подкаст во кој се збори за филмови, стрипови, серии, игри, а исполнет и со гости од поп-културата.
После долги години имање идеја и обиди за креирање на подкаст емисија во Македонија, конечно нивните соништа се исполнија и направија нешто ептен ново во Македонија.
Уживајте во првата епизода и пишете ги вашите импресии и сугестии, Марио и Огнен едвај чекаат да ги прочитаат. Дебелите Гикови се спремни да направат бум!

Покрај видео епизодата овој подкаст е достапен и на аудио:

____

Издиши се Четврток 14.12.2023 – 19:00

Темата на првата епиозда од втората сезона на подкастот „Издиши се”, се однесува на Burnout синдромот и неговото влијание во секојдневието.
Водителката Симона Паскоска со гостинката Верица Бакулеска која е лиценциран психолог, се обидуваат да го дефинираат burnout синдромот и преку секојдневни примери да го доближат до слушателите.
Преку едукативниот разговор, водителката и гостинката истакнуваат насоки и препораки како да се избегне синдромот на прегорување и доколу се појави кои чекори треба да се преземат за да не влијае целосно во секојдневните активности.

——-

Your Financial Coach – Финансиска слобода Среда 13.12.2023

Финансиската писменост претставува комбинација на свесност, знаење, вештини, став и однесување, неопходни за донесување здрави финансиски одлуки и постигнување лична финансиска стабилност и благосостојба. Финансиската едукација пак, може да се разбере како процес преку кој поединците го подобруваат своето разбирање во врска со финансиските производи и концепти, односно преку информации, упатства и совети стануваат повеќе свесни за финансиските ризици и можности; способни да направат информирани избори; знаат каде да се обратат за помош и заштита, но и да преземат други активности за подобрување на нивната финансиска благосостојба.

——-

indog X Dime faced 11.12.23 – S5, EP81

Во 81 епизода на #celebratelifepodcast AM 11.12.23 – сезона 5, гостин беше Диме од бендот Hard Faced, Primitive Dread и Diehard records/booking.
Во оваа епизода може да се слушне за инспирацијата на неговите текстови и социјалниот ангажман, DIY стандардите и како се развива сцена и љубовта кон истата, Свирки во Охрид развој и поддршката на публиката и взаемната почит, Животот на турнеја и како е да се работи за еден од поголемите бендови во моментов Turnstile.

Уживајте во овој инспиративен разговор.

—-

 

YOUR FINANCIAL COACH – MONEY MINDSET – Четврток 07.12.2023

Во денешниот модерен свет финансиската писменост e неопходна вешина за живеење. Без разлика дали неодамна дипломира или пак си искусен професионалец кои веќе долги години води успешна кариера или пак едноставно си некој што сака да ја разбере својата финансиска состојба, овој подкаст е дизајниран да обезбеди знаење што е потребно за да се донесуваат информирани финансиски одлуки. Како правилно да се дефинираат финансиските цели и како да се постигнат? Значи, без разлика дали сте финансиски почетник или искусен професионалец, придружувајте ни се секоја недела додека се нурнуваме длабоко во светот на финансиите, споделувајќи практични совети и стратегии кои можете да ги примените во вашиот живот. Заедно, ќе тргнеме на пат кон финансиско зајакнување и едуцирање. Во првата подкаст епизода ќе почнеме од најосновното, од базата. Да почнеме да мислиме и зборуваме гласно за парите и за тоа колку е важно умешно односно мудро да се управува со нив.

——

indog x Андреј Марјановиќ АМ шоу 04.12.23 (season 5)

Овој понеделник 04.12.2023 на AM шоу во 10 часот наутро во 70та епизода започна 5тата сезона на #celebratelifepodcast
Музиката која што ја слушавме беше емотивно смирувачка како што му доликува на понеделник наутро.
Слушавме:
1. Silver Mt. Zion – 13 Angels Standing Guard ‘Round The Side Of Your Bed.
2. SAMPHA – (No One Knows Me) Like the Piano.
3. Borka – Places.
4. Von af – Lazy Sunday (Original Mix).
5. Loure – In The Evenings.
6. Beastie Boys – Switched On.
7. Flume – Sleepless (Feat. Twin Shadow, Kool A.D. & Jezzabell Doran).
8. Honeydripper – All About You (Original Mix).
9. Kleer – Keep Your Body Working.

Во вториот дел од подкастот гостин беше Андреј Марјановиќ со кого разговаравме за неговата последната изложба Политичарење, светот денеска, графиката и дизајнот и животот вон градот.

Понеделниците се посебни и се надевам дека ќе го почувствувате во епизодите. Ајде да останеме заедно во понеделник и што е најважно, само нежно кон себе и да бидеме љубезни кон себе и останатите.

—–

Melange – Awakening (Dj Set @ PsyFreq 2023)

 

—–

EnChi – Back to 90’s @ PsyFreq 24.10.2023

 

—-

Balcannibal – Forest rituals pt. 7 @ PsyFreq 12.10.2023