Починаа 5 лица од Ковид 19, регистрирани 78 новозаразени во изминатотото деноноќие

Уште пет лица починаа од Ковид 19 во изминатотото деноноќие, а регистрирани се 78 нови случаи од 894 тестирања, соопшти Министерството за здравство.

Од починатите, тројца пациенти се од Скопје, еден од Куманово и еден пациент од Струга. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 70 и 80 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се пациенти на возраст 77 и 63 години, кај едниот пациент вирусот е докажан постмортем. Во ОБ Струга е починат пациент на 86 години.

Од новозаразените пак најголем дел се од Скопје-26, Штип-17 и Тетово-9.  Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 172 оздравени лица.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7124, бројката на оздравени пациенти е 3199, на починати е 346, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3579. Скопје има најголем бриј активни случаи, при што предничат Чаир со 402 и Гази Баба со 201 сличај, потоа Бутел со 170,  Карпош со 166,  Аеродром 155, Сарај 150,  Центар 149. Со по околу 100 активни случаи се Кисела Вода, Ѓорче Петров, Студеничани и Шуто Оризари.