Почина Марвин Мински, „таткото на вештачката интелигенција“

Математичарот, компјутерскиот научник и пионер на полето на вештачката интелигенција Марвин Мински почина на 88-годишна возраст, соопшти Медиумската лабораторија на МИТ (Институтот за технологија од Масачусетс), каде Мински бил професор во пензија.

Тој беше визионер и најупатен експерт за теоријата за вештачка интелигенција. Неговата книга „Општеството на умот“ од 1985 се смета за клучно истражување на структурата и функцијата на интелектот, кое го унапреди разбирањето на диверзитетот на механизмите на интелигенцијата.

Мински го гледаше мозокот како машина, чие функционирање може да се изучува и да се реплицира во компјутерите. Според неговите гледишта, машините, за возврат, можат да ги научат луѓето подобро да го сфатат мозокот и неговите повисоки функции.

„Како да ги научиме машините на здравиот разум – знаењето со кое човекот секојдневно се здобива преку искуството. На пример, дали ќе учиме некој софистициран компјутер дека за да движиш некој објект о жица, треба да го влечеш, а не да туркаш – концепт кој лесно го совладува двегодишно дете?“, ги постави Мински дилемите кои се основа на вештачката интелигенција.

Марвин Мински за многумина научници во истата област останува генијалец, човек чие научно влијание досега во повеќе современи области кои ги поврзуваат интелигенцијата и технологијата. Меѓу многуте признанија и награди што ги добил во животот е и ТУринговата награда, највисоката почест во светот на компјутерските науки.