Почина Glenn Frey, гитаристот и еден од основачите на „Eagles“

Glenn Frey, еден од основачите и гитарист на американската група „Eagles“ почина на 67-годишна возраст, соопшти бендот на својата веб-страница. Тој починал синоќа во Њујорк како последица од ревматичен артритис и воспаление на белите дробови.

„Нема зборови со кои може да се опише нашата тага, и нашата љубов поради сето она што ни го пружи“, изјавиле семејството на музичарот и членовите на бендот.

„Eagles“ беа еден од најуспешните бендови во 70-тите, со голем број хитови, меѓу кои и песните „Hotel California“, „Take It Easy“ и „Life in the First Lane“.

Frey заедно со Don Henley, Bernie Leadon и Randy Meisner ја основа групата во Лос Анџелес во почетокот на 1970-тите.