Арета Френклин почина на 76-годишна возраст. Легендарната пејачка сериозно болна беше примена во болницата во Детроит.
Френклин, која требаше да се повлече од музиката наредната година, последен пат настапи во живо минатиот ноември на годишната гала на Фондацијата за борба против СИДА на Елтон Џон. Таа го потврди своето пензионирање, но и најави планови да работи на нов албум со Стиви Вондер.
Таа ја откажа својата турнеја во март откако нејзиниот доктор ја посоветувал целосно да одмори најмалку два месеци. Еден од настапите требаше да одбележи 76 години од песната „Respect”.
Родена во 1942 година, Френклин ја освои титулата „Кралица на соул музиката” за нејзините музички дела од крајот на 60-тите години. Откако се пријавила на „Атлантик Рекордс” во 1967 година, таа постигнала огромен успех со песните „Spanish Harlem“, „I Say a Little Prayer“ и „(You Make Me Feel Like) A Natural Woman.”
Таа започнала со пеење како дел од црковен хор во Детроит каде нејзиниот татко бил свештеник, пред да започне кариера во 1960 година. Френклин се грижела за него откако бил застрелан во неговиот дом во Детроит во 1979 година, па се до неговата смрт во 1984 година.
Во 1987 година, Френклин – која има продадено над 75 милиони албуми низ целиот свет – стана првата жена која беше примена во Куќа на славните на рокен рол музиката.
Таа е добитничка на 18 Греми награди, меѓудругото за нејзиното учество во култниот класик „Blues Brothers“ од 1980 и изведбата во 1998 година во која го замени оперскиот пејач Лучијано Павароти и ја пее познатата арија „Nessun dorma”.
Френклин има четири сина – првиот го родила кога имала само 12 години – со два брака зад себе.