По 50 години пронајдено животно кое се сметало за изумрено

Малку познат цицач од фамилијата „Macroscelididae“, сроден со слонот, а кој наликува на глушец е откриен во Африка по 50 години откако се сметал дека е изумрен, јавува „Би-Би-Си“.

Последниот научен запис на „изгубениот вид“ датира од 70-тите години на минатиот век, а животното било откриено во Џибути, за време на научна експедиција.

Стивен Херитиџ, научник на Универзитетот Дјук и член на експедицијата рекол дека е воодушевен што овој вид е „назад на радарот“.

„Бевме навистина возбудени и воодушевени кога ја отворивме стапицата и го видовме цицачот“, изјавил тој за „Би-Би-Си“.

Цицачот има карактеристичен нос кој го користи за да јаде инсекти.