„ПМГ Рекордингс“ слави 20 години постоење со целовечерен музички фестивал во МКЦ

Осмото издание на Целовечерниот музички фестивал „Сонична младост“ ќе се одржи на 6 октомври, со почеток во 20 часот, во Младинскиот културен центар во Скопје.

Фестивалот претставува продолжение на досегашните седум изданија организирани од страна на дискографската куќа „ПМГ Рекордингс“, која одбележува 20 години постоење.

„ПМГ Рекордингс“ е независна дискографска куќа која во изминативе години е значаен фактор во домашните музички превирања, голем поддржувач на новата алтернативна музичка сцена и на бендовите од новата генерација.

Свои перформанси во живо ќе имаат 15 домашни и странски бендови и диџеи на три подиуми.

Влезот е бесплатен.