ПМГ Рекординг фестивал #6 вечeрва во Капан ан

ПМГ Рекордингс фестивал #6 ќе се одржи вечерва (24 јуни) во Капан ан, а почнува на полноќ со настапот на Нино Наумов.

Вечерашната програма ќе продолжи со ПМГ Колектив, настап на „Defect 13th“, како и заеднички сет на Мирко Попов и Душко Јаневски.

„Во време на изразена борба за опстанок по сите параметри, ја интензивираме нашата љубов, ја заложуваме нашата музика, ги изложуваме нашите тела“, се вели во најавата за ПМГ Рекординг фестивал #6.